СЗО: Новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) потекнува од лилјак

Ембарек: „Очигледно е дека пазарот за морска храна одигра значајна улога во појавата на епидемијата. Но не знаеме која улога ја одигра“

1413762
СЗО: Новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) потекнува од лилјак

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) потекнува од лилјак и потенцираше дека пазарот за морска храна во Кина одигра значајна улога во појавата на епидемијата.

Петер Бен Ембарек, експертот за безбедност на храната и зоонози при СЗО на прес конференцијата што ја одржа преку видео конференција се осврна на појавата на епидемијата на Ковид-19 на пазарот за морска храна во градот Вухан во кинеската покраина Хубеј и рече:

„Очигледно е дека пазарот за морска храна одигра значајна улога во појавата на епидемијата. Но не знаеме која улога ја одигра.“

Ембарек рече дека како што постои можноста Вухан да биде излезната точка на вирусот, исто така голема е и веројатноста за случајно откривање на вирусот на местото каде што е лоциран пазарот и околината.

Лилјаците се извор на Ковид-19 но сепак ова прашање треба подетално да се анализира, рече Ембарек и додаде:

„Можеби животните претходно го донесоа вирусот на пазарот или пак претходно заразените луѓе дојдоа и го посетија пазарот.“

Пазарите за животни во светот имаат критично значење за снабдување на милиони граѓани во светот со основните прехранбени и други намирници, рече Ембарек и упати повик за подобрување на условите на овие места наместо да се затворат.

Како што е познато неодамна, американскиот претсдетаел Доналд Трамп и министерот за надворешни работи Мајк Помпео ги изнесоа тврдењата дека Ковид-19 се појави во една лабораторија во Вухан.

Кинеските власти пак ги демантираат тврдењата дека вирусот бил произведен во лабораторија и го бранат ставот дека прашањето се политизира.



Слични вести