Протести во Појасот Газа

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „нормализацијата е предавство“

1413824
Протести во Појасот Газа

Во појасот Газа беа одржани протести против напорите на некои арапски земји кои со емитување телевизиски серии препорачуваат културна нормализација со Израел.

На протестите што беа одржани на повикот на Хамас во различни подрачја на Појасот Газа, беа изнесени реакциите против арапскиот ТВ-канал МБС на кој се емитуваат серии преку кои се клеветат Палестинците а се стимулира нормализацијата со Израел.

Демонстрантите на протестите носеа транспаренти на кои пишуваше „нормализацијата е предавство“, „историјата нема да ги заборави оние кои што се за нормализирање“, „Ерусалим ве повикува“.

Сериите „Махраџ 7“ и „Ум Харун“ кои се емитуват на ТВ-канал МБС1 на Саудиска Арабија, се криткуваат дека во името на нормализирањето на односите меѓу арапските земји и Израел, Палестинците се клеветат и се искривоколчуваат историските вистини.

Наведените серии беа мета на реакции не само на граѓаните  на Палестина, туку и на некои други арапски земји, додека на објавите што беа споделени преку социјалните медиуми гледачите се повикуваат да го бојкотираат ТВ-канал на медиумската група МБС, чиј поголем дел од акциите припаѓаат на Саудиска Арабија.



Слични вести