Елон Муск на синот му даде невообичаено име

Дали во името на синот на Маск се крие некоја шифра?

1413819
Елон Муск на синот му даде невообичаено име

Невообичаеното име кое Елон Маск, основачот на светско познатата технолошка компанија „Тесла“ му го даде на синот може да се коси со законите на американската сојузна држава Калифорнија.

Името „X Æ A-12 Musk“ кое Елон Маск и канадската пејачка Гримс му го дадоа на заедничкиот син, поради тешкотиите во изговарањето и натаму продолжува да го чува своето место на дневниот ред на американските весници и социјални медиуми, но исто така постои голема веројатност да се коси со законите.

Во информациите кои беа обајвени во врска со прашањето, беа објавени коментари дека постојат правила кон кои треба да се придржува дури и технолошкиот милијардер, бидејќи во англискиот јазик не постои симболот/буквата Æ, поради то законите на Калифорнија можат да не му дозволат да го користи ова име.

Некои корисници на социјалните медиуми истакнаа дека навистина не се знае Маск кое име му го даде на синот, или пак можеби бизнисменот во името крие некоја шифра или пак се обидува да го привлече вниманието на светската јавност.

48 годишниот Маск од претходните два брака има 5 синови. Во понеделник на следбениците на социјалните медиуми им ја објави веста дека му се роди уште еден син и на едно прашање на следбениците за името, одговорот на Маск беше „X Æ A-12“.



Слични вести