Апел од ОН за помош на палестинските бегалци

Помошта во износ 93,4 милиони долари е неопходна за палестинските бегалци за личната хигиена, дезинфекција и образованието како и во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19)

1413770
Апел од ОН за помош на палестинските бегалци

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНХЦР) упати апел до земјите донатори за итна помош во износ од 93 милиони долари.

Во соопштението кое беше објавено од страна на УНХЦР беше истакнато дека до земјите донатори беше упатен апел за помош во износ 93,4 милиони долари за претстојните три месеци која е неопходна за палестинските бегалци за личната хигиена, дезинфекција и образованието како и во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Во соопштението беше објавена и изјавата на генералниот комесар на УНХЦР Филипе Лазарини кој потенцираше дека палестинските бегалци се најранлива популацијана Блискиот Исток поради што УНХЦР ќе продолжи со намирување на потребите на палестинските бегалци во текот на целата глобална криза.

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНХЦР) беше формирана во 1949 година и помага на над 5 милиони палестински бегалци кои живеат во Западниот Појас, Поасјот Газа, Ерусалим, Јордан, Либан и Сирија.

САД, финансиската поддршка на УНЦР ја прекина од 2018 наваму поради што и предизвика тешкотии на меѓународната хуманитарна агенција.



Слични вести