Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка во изминатите 24 часа

Глобалната епидемија продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1413037
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка во изминатите 24 часа
SÜPER FOTO RUSYA 2.jpg
Koronavirüs Rusya.2.11.04.jpg
rusya korona.jpg
rusya korona.jpg
rusya kovid.JPG
rusya kovid.JPG
Azerbaycan_korona
koronavirüs Çin.jpg
koronavirüs Çin.jpg
iran-corona.jpg
iran-corona.jpg
iran.jpg
Koronavirüs İran.2.02.04.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 271 илјада 400, а на случаите на зараза изнесува над 3 милиони 939 илјади 550 лица.

Бројот на оздравените пак, достигна до 1 милион 355 илјади 780 лица.

Глобалната епидемија продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја на глобалната епидемија од 23 април досега почина само едно лице и бројот на смртните случаи изнесува 4.633 лица, а на случаите на зараза 82.886. Епидемијата во голема мера е ставена под контрола и во голем број градови и провинции се забележуваат знаци за враќање на животот во нормала.

Во Сингапур кадешто од Ковид-19 починаа 20 лица бројот на случаите на зараза со раст за 768 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 21.707 лица

Во Иран бројот на починатите од Ковид-19 изнесува 6.541, а на случаите на зараза надмина 103 илјади лица.

Во Русија бројот на смртните случаи од епидемијата се зголеми на 1.625, а на случаите на зараза со рекорден раст се искачи на 177.160 лица.  Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин пак, истакна дека само во главниот град има 300 илјади инфектирани лица од Ковид-19.

Бројот на човечките загуби во Белорусија се зголеми на 116 лица, а со регистрирање на уште 913 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 20.168 лица.

Во Молдавија кадешто има 145 смртни случаи се дијагностицирани уште 129 позитивни случаи и вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 4.605 лица.

Во објавеното соопштение од Министерството за здравство во Казахстан се истакнува дека бројот на случаите на зараза од Ковид-19 се зголеми на 4.530 лица, додека бројот на оздравените достигна до 1.518.

Во Азербејџан кадешто од вирусот има 28 починати, бројот на заболените лица со раст од 27 лица се искачи на 2.204.

Во Узбекистан досега животот го загубија 10 лица и Министерството за здравство соопшти дека со утврдување на уште тројца новозаразени бројот на случаите на зараза се зголеми на 2.269 лица.

Во Таџикистан со смртта на уште на 4 лица бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 12 лица, а на случаите на зараза со раст за 82 лица се искачи на 461.

Во Грузија кадешто има 9 починати и 618 дијагностицирани случаи на зараза, премиерот Гиорги Гахарија соопшти дека почнувајќи од 11 мај ќе се дозволи да бидат отворени сите продавници со исклучок на продавниците за чевли и облека.

Во Авганистан се регистрирани 106 смртни случаи и 3.563 случаи на зараза од Ковид-19, а воедно е соопштено дека бил позитивен на коронавирусот и тестот на министерот за здравство Ферозудин Фероз кој неколку дена се наоѓал во карантин и здравствената состојба му била добра.

Во Палестина се регистрирани 374 случаи на зараза од Ковид-19 од кои 20 во Газа, додека палестинското министерство за внатрешни работи соопшти дека граничниот премин Рефах идната недела ќе биде отворен посебно за враќање назад на Палестинците кои се наоѓаат во Египет.

Во Египет бројот на починатите од Ковид-19 изнесува 469 лица, а на случаите на зараза 7.588. Делумната забрана за излегување на улица во земјата којашто е донесена на 24 март и важи од 21:00 часот до 06:00 часот, е продолжена за уште 15 дена.

Во Либан животот го загубија 3 лица, а бројот на случаите на зараза изнесува 64. Владата на национално единство во рамките на преземените мерки против Ковид-19 донесе одлука почнувајќи од денеска да биде продолжена за уште 10 дена делумната забрана за излегување на улица. Забраната за излегување на улица (за движење) ќе се применува помеѓу 18:00 и 06:00 часот по локално време.  

На континентот Африка бројот на починатите од коронавирусот изнесува над 2.012 лица, а на регистрираните случаи на зараза од Ковид-19 се искачи на 51.968. 

Во објавеното соопштение од регионалната канцеларија за Африка на Светската здравствена организација (СЗО) се истакнува дека доколку бидат неуспешни мерките за ставање под контрола, во Африка за една година би можеле да бидат заболени од коронавирусот 29 милиони до 44 милиони лица и животот да го загубат 83 илјади до 190 илјади лица., во дадената изјава истакна дека поради забраната за излегување на улица којашто се применува во рамките на борбата против Ковид-19 во градот имаат потреба од помош во храна 1 милион лица. Во меѓувреме, се истакнува дека во рамките на преземените мерки против можноста за ширење на коронавирусот на територијата на целата земја ќе бидат пуштени на слобода 19 илјаид затвореници.

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза во некои арапски земји е вака: Саудиска Арабија 219/33.731, Обединети Арапски Емирати 165/16.240, Кувајт 44/6.567, Катар 12/18.890, Бахреин 8/4.111, Оман 13/2.958, Мароко 183/5.505, Либан 25/784, Алжир 483/5.182.

Во Јужна Кореја за прв пат по 5 дена дневниот број на регистрирани нови случаи на зараза од Ковид-19 изнесува над 10 лица.



Слични вести