Предупредување од Гутерес: Ковид-19 го зголемува говорот на омраза и непријателството кон странците

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес предупреди дека и покрај тоа што новиот тип коронавирус (Ковид-19) не прави никаква разлика меѓу луѓето, го зголемува говорот на омраза и непријателството кон странците во општествата

1413122
Предупредување од Гутерес: Ковид-19 го зголемува говорот на омраза и непријателството кон странците

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес објави видео порака во која предупреди дека и покрај тоа што новиот тип коронавирус (Ковид-19) не прави никаква разлика меѓу луѓето, го зголемува говорот на омраза и непријателството кон странците во општествата.

Гутерес во објавената видео порака го рече следното. „Ковид-19 не прави разлика кој сме, каде живееме или во што веруваме, меѓутоа омразата, непријателството кон странците, прогласувањето за жртвено јагне и ширењето на страв, продолжуваат да се шират како цунами.

Привлекувајќи внимание дека поради коронавирусот се зголемуваат непријателството кон странците во виртуелна, онлајн средина и на улиците, компло теориите за антисемитизам и нападите врз муслиманите, Гутерес напомена дека кон мигрантите и доселениците се постапува како да се извор на вирусот и се изоставуваат од лекување.

Гутерес истакна дека се поставуваат на мета новинарите, здравствените работници и активистите за човекови права.

Тој рече: „Треба да го зајакнеме имунитетот на нашите општества кон вирусот на омраза.“

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес упати повик до политичарите и лидерите да бидат во солидарност со сите средини на општествата, а воедно ги повика и компаниите на социјалните медиуми да ги кренат од своите онлајн платформи расистичките содржини, содржините со непријателство кон жените и сите други штетни содржини.



Слични вести