Орбан: „Не сакаме Обединети Европски Држави“

Ние сакаме Унгарија да остане како Унгарија

1413674
Орбан: „Не сакаме Обединети Европски Држави“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека одредени сили во Европа наместо национални држави сакаат да се формираат „Обединети Европски Држави“ потенцирајќи дека Унгарија не сака да биде дел од тоа.

Во неделното обраќање преку државното радио Кошут, Орбан рече дека одредени сили во Европа наместо национални држави сакаат да формираат империја којашто ќе се состои од европските земји поради што се критикува унгарската влада која не го прифаќа овој став.

Орбан рече дека неговата земја во никој случај нема да биде дел од наведената империја потенцирајќи дека „Ние сакаме Унгарија да остане како Унгарија“.

Приврзаниците на императорството во секоја прилика сакаат да ја ослабат унгарската влада, рече Орбан и акцентираше дека само поради овој на став, постојано ги критикуваат мигрантската политика и законот за итни состојби на владата.

Инаку законот кој беше усвоен на 30-ти март, а кој беше подготвен согласно мерките преземени против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), од страна на опозиционите партии не беше поддржан поради изговорот дека со заоконот „на власта и се дава неограничена мож да направи се“.

Поради тоа, во меѓународната јавност беа изнесени остри кртики против владата на Унгарија.



Слични вести