Од удар на гром во Конго загинаа 20 лица

Од удар на гром во предградие на главниот град на Република Конго, Бразавил, загинаа 20 лица, а голем број се повредени

1413216
Од удар на гром во Конго загинаа 20 лица

Од удар на гром во Кинтеле, предградие на главниот град на Република Конго, Бразавил, загинаа 20 лица, а голем број лица, се повредени. 

Претседателката на општина Кинтеле Стела Менсах Сасу Нгуесо истакна дека врз далновод со висок напон паднал гром и дека притоа животот го загубиле 20 лица, а голем број лице биле повредени. 

Таа рече дека повредените биле префрлени на лекување во болница. 

Некои очевидци пак, велат дека од високиот напон биле погодени куќите и местата со насобрана вода на улиците кадешто биле доживеани и човечките загуби.

Во Република Конго која се наоѓа во тропски климатски појас за време на сезоната на дождови често паѓа гром поради што животот го губат голем број лица, а се причинува и штета врз голем број куќи и работни места.



Слични вести