Милициските сили на пучистот Хафтар во воздухопловната база Ватије почнаа да се предаваат

Шест припадници на нелегитимните милициски сили лојални на Хафтар кои се наоѓаат во воздухопловната база Ватије им се предадоа на единиците на либиската армија под команда на генерал мајор Усаме Џувејли кои ја зедоа под опсада областа

1413537
Милициските сили на пучистот Хафтар во воздухопловната база Ватије почнаа да се предаваат

Од операцијата Вулкан на гневот којашто се спорведува од страна на силите на Владата на национално единство на Либија е соопштено дека почнаа да им се предаваат на единиците на либиската армија милициските сили лијални на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата, кои се наоѓаат во воздухопловната база Ватије, југозападно од главниот град Триполи.

Во објавеното исмено соопштение од операцијата Вулкан на гневот се истакнува следното: „Шест припадници на нелегитимните милициски сили лојални на Хафтар кои се наоѓаат во воздухопловната база Ватије им се предадоа на единиците на либиската армија под команда на генерал мајор Усаме Џувејли кои се распоредни во областа.“

Инаку, единиците на либиската армија на Владата на национално единство во рамките на започнатата операција во вторникот врз воздухопловната база Ватије целосно ја зедоа под опсада оваа област југозападно од главниот град Триполи.

Во меѓувреме, воздушните сили на либиската армија реализираа воздушна операција врз милициските сили на лидерот на нелегитимните вооружени сили пучистот Халифа Хафтар кои се распоредени околу воздухопловната воена база Ватије. 

Портпаролот на либиската армија потполковникот Мухамед Кунуну во објавеното писмено соопштение истакна дека во реализираната воздушна операција врз врз менсоста Ал Месих на 42 километри во југоисточно од воздухопловната база Ватије се неутрализирани 15 припадници на милициските сили на Хафтар и се уништени 7 воени возила.

Во објавеното соопштение преку официјалниот профил на либиската влада на социјалната медија се истакнува дека армијата ги продолжува своите операции во бројни области а пред се на воздухопловната воена база Ватије и дека во операциите не се цели кон цивилни места.



Слични вести