Европската унија остро го осуди ракетниот напад на милициските сили на Хафтар врз Триполи

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано истакна дека остро се осудува ракетниот напад на на милициските сили на лидерот на нелегитимните вооружени групи на пучистот Халифа Хафтар врз различни области на главниот град на Либија, Триполи

1413590
Европската унија остро го осуди ракетниот напад на милициските сили на Хафтар врз Триполи

Европската унија (ЕУ) остро го осуди реализираниот ракетен напад од страна на милициските сили на лидерот на нелегитимните вооружени групи на пучистот Халифа Хафтар врз различни области на главниот град на Либија, Триполи.

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано во дадената изјава на редовниот дневен брифинг за печатот го рече следното: „Остро го осудуваме нападот којшто е реализиран врз цивилите во Триполи без да се прави разлика. Како што можеме да разбереме е реализиран напад и врз место во близина на италијанската амбасада. Ја повторуваме нашата солидарност со нашите италијански партнери.“

Велејќи дека реализацијата на било каков напад врз цивилите во Либија значи прекршување на меѓународното право, Стано рече: „Нападот покажа дека сите страни треба да се придржуваат кон прекинот на огнот и повторно да ги започнат политичките преговори.“

Инаку, ракетите истрелани од страна на милициските сили на лидерот на нелегитимните вооружени групи во источниот дел на Либија пучистот Халифа Хафтар паднаа во пристаништето на Триполи, аеродромот Митига и на крајбрежниот пат при што загинаа 3 лица од кои еден цивил.

По овој напад, либискиот министер за надворшени работи Мухамед Сејале истакна дека ракетниот напад на милициските сили на Хафтар врз крајбрежниот пат во близина на резиденциите на Италија и Турција е во спротивност со меѓународните закони.



Слични вести