Дали САД го повлекуваат своето воено присуство од Саудиска Арабија

Некои американски високи функционери изјавија за весникот „Вол Стрит Џорнал“ дека, освен батериите Патриот од Саудиска Арабија се повлечени и две ексадрили на воени авиони и дека САД планираат да го намалат своето воено присуство во Персискиот залив

1413092
Дали САД го повлекуваат своето воено присуство од Саудиска Арабија

Како што се тврди, Соединетите Американски Држави (САД) ќе ги повлечат од Саудиска Арабија своите 4 системи за противвоздушна одбрана Патриот и еден дел од своите војници и некои други оружја распоредени во оваа земја.

Некои американски високи функционери изјавија за весникот „Вол Стрит Џорнал“ дека, освен батериите Патриот од Саудиска Арабија се повлечени и две ексадрили на воени авиони и дека американската флота планира да го намали своето воено присуство во Персискиот залив.

Овој развој од страна на некои функционери на САД се коментира како показател за тоа дека Иран веќе не претставува итна закана за американските интереси, додека некои експерти тврдат дека овој чекор е фрлен како одговор на тоа што властите на Саудиска Арабија не го послушале Вашингтон по прашањето на цените на нафтата.



Слични вести