Русија собира платеници од Сирија кои планира да ги испрати во Либија

Висок руски военкомандант и делегација во негова придружба од 24 април одржува низа состаноци во градот Дера со платениците кои се во услуга на Асадовиот режим, а за кои се планира да бидат испратени во Либија да се борат во редовите на Хафтар

1412934
Русија собира платеници од Сирија кои планира да ги испрати во Либија

Русија која го поддржува Асадовиот режим во Сирија, планира да ги зајакне со платеници и милициските сили на пучистот Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните сили во источниот дел на Либија.

Според добиени информации од локални извори, висок руски воен командант и делегација во негова придружба од 24 април одржува низа состаноци во градот Дера со платениците кои се во услуга на Асадовиот режим.

На овие состаноци руската страна им понудила на платениците месечна плата од 1.000 американски долари и тригодишен обновлив договор за да се борат во редовите на Хафтар во Либија.

Една од вооружените групи се спротивставила на оваа пунда, а друга група ја прифатила.

Оние кои ја прифатиле понудата на Русите во моментот водат активности за собирање на поголем број платници во градот Дера.

Овие елементи (платеници) кои ќе добиваат плата од Русија во кусо време ќе бидат подложени на забрзана воена обука во руските кампови во Сирија, а потоа ќе бидат испратени во Либија.

Инаку, Русија и минатиот месец во градот Кунејтра на границата на Сирија со Израел се договори со некаде околу 300-400 платеници кои се борат за Асадовиот режимот.

Групата вооружени елементи (платеници) од Кунејтра кои се договорија со Русија за месечна плата од 1.000 долари, по воената обука на која се подложени во блиско време ќе бидат испратени во Либија да се борат во редовите на Хафтар.

Во редовите на пучистот Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните сили во источниот дел на Либија, се наоѓаат голем број странски борци како руски платеници, милициски сили наречени „Џавидан“ кои се однесени од Судан и вооружени бунтовнички групи од Чад.



Слични вести