Трамп го смени тонот кон Кина: Ковид-19 се појави во Вухан, но не е намерно создаден

ДоналдТрамп овојпат наведе дека вирусот не е создаден намерно од страна на Кина и рече: „Од разузнавачките извештаи дознаваме дека во Кина се случија лоши работи. Кина ова не го создаде намерно, меѓутоа вирусот на извесен начин се појави таму“

1411603
Трамп го смени тонот кон Кина: Ковид-19 се појави во Вухан, но не е намерно создаден

Американскиот претседател Доналд Трамп во специјалното интервју што го даде за весникот „Њујорк Пост“ во Овалната канцеларија во Белата куќа истакна дека одговорна за ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот и потоа за негово прераснување во глобална епидемија, е Кина.

Трамп наведе дека вирусот не е создаден намерно од страна на Кина и рече: „Од разузнавачките извештаи дознаваме дека во Кина се случија лоши работи. Да се соочиме со тоа. Кина ова (вирусот) не го создаде намерно, меѓутоа вирусот на извесен начин се појави таму (во Вухан).“

Доналд Трам во своите претходно дадени изјави застануваше во одбрана на тоа дека Ковид-19 потекнува од една лабораторија, додека овојпат го смени тонот и го рече следното: „Вирусот се појави во Вухан, меѓутоа можеби не во лабораторија. Не требаше да се дозволи вирусот што се појави таму да се прошири низ целиот свет.“

На поставеното прашање „Дали растечката тензија со Кина може да резултира со воена интервенција“, американскиот претседател Доналд Трамп одговори со зборовите: „Не сакам да зборувам за војна. Тоа е непријатено. Знаете, со Кина пред неколку месеци постигнавме трговски договор. Во процесот на договорот постоеше голем оптимизам во врска со односите помеѓу двете земји. Потоа се појави овој вирус.“



Слични вести