Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Глобалната епидемија продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1411511
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка
sudafrica.jpg
Rusya Koronavirüs.3.08.04..jpg
rusya korona.jpg
rusya kovid.JPG
Koronavirüs Rusya .1.jpg
Korona Rusya 4.jpg
rusya koronavirüs.jpg
Süper Foto Korona Rusya.1.jpg
Koronavirüs Rusya.1.08.04.jpg
afrika kovid.jpg
guney afrika cmh. korona.jpg
super covid 19 guney afrika
Güney Afrika.jpg
afrikakorona.jpg
iran-corona.jpg
iran.jpg
iran.jpg
iran.JPG
Koronavirüs İran.2.02.04.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 259 илјади 400 лица, на случаите на зараза изнесува над 3 милиони 756 илјади 400 лица, а на оздравените над 1 милион 258 илјади 500 лица.

Глобалната епидемија продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Индија бројот на починатите од Ковид-19 со смртта на уште 195 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 1.571 лице, а на случаите на зараза за само еден ден со раст од 3.900 се искачи на вкупно на 46.476.

Во Русија е регистриран рекорден раст во бројот на случаите на зараза. Досега во земјата починаа 1.537 лица, а се дијагностицирани вкупно 165.929 лица позитивни на Ковид19. Соопштено е дека е позитивна на Ковид-19 и руската ,министерка за култура Олга Љубимова.

Во Либан кадешто бројот на починатите изнесува 25, а на случаите на зараза 750 лица, е соопштено дека ќе бидат дозволени џума намазот (петочната молитва) и мисите во црквите во неделите, а коишто беа прекинати извесно време поради епидемијата.

Според податоците на Центарот за контрола и спречување на болести на Африка (Africa CDC), вкупниот број на случаите на зараза од Ковид-19 на континентот се зголеми на 49.352 лица, а на смртните случаи на 1.959 лица. Освен тоа, досега на континентот оздравеа и 16.315 пациенти.

Бројот на смртните случаи во некои земји во Африка е вака: Во Алжир животот го загубија 470 лица, во Египет 452, Мароко 182, Јужна Африка 138, Нигерија 87, Камерун 64, Буркина Фасо 46, Судан 45, Тунис 43, Кувајт 42, Сомалија 38, Мали 32, Оман 13, Сенегал 11, Етиопија 4 лица.

Најголем број случаи на зараза во Африка се регистрирани во Јужна Африка, Египет, Мароко, Алжир, Нигерија, Гана и Камерун.

Во некои источни земји, во арапските земји и во Азија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) е вака: Иран 6.418, Кина 4.633, Индонезија 872, Филипините 658, Јапонија 569, Пакистан 526, Украина 327, Јужна Кореја 255, Израел 238, Саудиска Арабија 200, Бангладеш 183, Обединетите Арапски Емирати 146, Молдавија 136, Белорусија 107, Ерменија 40, Казахстан 29, Сингапур 18, Катар 12, Узбекистан 10, Грузија 9, Таџикистан 5, Јемен 5.



Слични вести