Либиската армија реализира 24 воздушни операции врз воздухпловната база Ватије

Во 24 реализирани операции почнувајќи од вчера наутро врз воздухпловната база Ватије се уништени две возила со ракети Град и други наоружани возила со тешко оружје и натоварени со муниција

1411676
Либиската армија реализира 24 воздушни операции врз воздухпловната база Ватије

Воздушни елементи на либиската армија реализираа 24 воздушни операции врз воздухопловната база Ватије во југозападниот дел на главниот град Триполи.

Портпаролот на либиската армија потполковник Мухамед Кунуну во објавеното писмено соопштение информира дека во 24 реализирани операции почнувајќи од вчера наутро врз воздухпловната база Ватије се уништени две возила со ракети Град и други наоружани возила со тешко оружје и натоварени со муниција.

Инаку, либиската армија вчера наутро започна операција за заземање на воздухопловната база Ватије која се наоѓа под окупација на милициските сили на пучистот Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија. 

Портпаролот на операцијата Вулкан на гневот на силите на легитимната Влада на национално единство на Либија Мустафа ал Меџеи во дадената изјава вчера во вечерните часови соопшти дека воздухопловната база е целосно опколена и е доведена во состојба да не може да дејствува.



Слични вести