Ковид-19 во светот: Над 256 илјади починати, 3,7 милиони инфектирани и над 1,2 милиони оздравени

Бројот на смртните случаи во САД од Ковид-19 се зголеми на над 70 илјади лица, во Велика Британија 29.427, Италија на 29.315, Шпанија 25.613, Франција 25.531, Белгија 8.016 лица, во Германија 6.993, Бразил, 7.367, Холандија 5.168, Канада 3.981 лице

1411490
Ковид-19 во светот: Над 256 илјади починати, 3,7 милиони инфектирани и над 1,2 милиони оздравени
abd koronavirus kovid.jpg
koronavirüs ABD New York.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
abd kovid.JPG
covid-19 new york
new york covid-19.jpg
koronavirus new york.jpg
ingiltere.jpg
Korona İngiltere 3.jpg
Korona İngiltere 2.jpg
koronavirüs İtalya.jpg
super italya covid-19
italya covid.jpg
italya sosyal mesafe.jpg
Koronavirüs İtalya Milano.jpg
koronavirüs italya.jpg
italya
Koronavirüs İtalya.2.02.04.jpg
Koronavirüs İtalya.3.jpg
ispanya karantina sonrası (8).jpg
ispanya karantina sonrası (7).jpg
ispanya karantina sonrası (11).jpg
ispanya karantina sonrası (12).jpg
SÜPER FOTO KORONA.İSPANYA.1.jpg
SÜPER FOTO KORONA.İSPANYA.2.jpg
kovid brezilya.jpg
koronavirüs Brezilya.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 259.400 лица, на случаите на зараза изнесува над 3 милиони 756 илјади 400 лица, а на оздравените над 1 милион 258 илјади 500 лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на глобалната епидемија, кадешто билансот од коронавирусот е најтежок бројот на починатите надмина 72.334 лица, а на оваа бројка се додадени и уште 1.700 нерегистрирани смртни случаи во домовите за старци во Њујорк. Бројот на регистрираните случаи на зараза со вирусот во земјата пак, изнесува над 1 милион 230 илјади лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека во периодот на олабавување на мерките против Ковид-19 во земјата може да дојде до човечки загуби, но дека некако треба да се отвори економијата. Од друга страна, додека американскиот државен секретар Мајк Помпео тврди дека Ковид-19 е излезен од лабораторија за вирологија во кинескиот град Вухан, началникот на Генералштабот генерал Марк Мејли истакна дека доказите претежно покажуваат дека вирусот не е излезен намерно, но дека не знаат дали е излезен од лабораторија во Вухан.  

Во Велика Британија бројот на починатите од Ковид-19 со смртта на уште 693 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 29.427, а на случаите на зараза со регистрирање на уште 4.406 новозаразени се искачи на вкупно 194.990 лица. Со овој биланс, Велика Британија оставајќи ја зад себе Италија стана земја со најголем број смртни случаи во Европа и втора земја во светот по САД.

Во Италија, бројот на починатите од Ковид-19 за еден ден со раст за уште 236 лица, се зголеми на вкупно 29.315, додека бројот на активни случаи на зараза се намали за 1.513 лица и опадна на 98.467. Вкупниот број на дијагностицираните лица со Ковид-19 во земјата изнесува 213.013 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи се зголеми на 25.857 лица, на случаите на зараза на 250.561 лице, а бројот на оздравените достигна до 154.718.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Франција со раст за уште 330 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 25.531, а на инфектираните случаи со раст за 406 лица се искачи на 204.659. Франција донесе одлука за постепено укинување на мерките од Ковид-19 почнувајќи од 11 мај. Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека поради епидемијата ова лето меѓународните патувања ќе бидат ограничени.

Во Германија, бројот на починатите од коронавирусот со раст за уште за 165 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 6.996. Федералната влада и покраините постигнаа согласност во однос на тоа дека сите продавници и спортовите под отворено небо би можеле да бидат повторно започнати под одредени услови. Секоја покраина самата ќе донесе одлука за постепено отворање на јавниот живот. Во нацрт документот се истакнува дека покраините, универзитетите, рестораните, баровите, хотелите, трговските саеми, козметичките салони, театрите, фитнес салоните, кино салите и дискотеките самите ќе ја донесат одлуката за постепено отворање. 

Во Канада во изминатите 24 часа починаа уште 185 лица со што бројот на човечките загуби од Ковид-19 во оваа земја се зголеми вкупно 4.166 лица. Бројот на случаите позитивни на Ковид-19 пак, со раст за уште 1.274 лица се искачи на вкупно 62.046. 

Во јужноамериканската држава Бразил, во изминатите 24 часа од Ковид починаа 633 лица. На тој начин бројот на смртните случаи од вирусот се зголеми на 7.921 лице, а на случаите на зараза со раст за 4.493 лица се искачи на 114.715. Сао Луис, престолнината на сојузната држава Маранхао, стана првата престолнина во која е донесена забрана за излегување на улица за спречување на ширењето на коронавирусот во Бразил. Донесена е забрана за излегување надвор со исклучок на состојби за обезбедување на своите материјали за основна потреба како храна и лекови, за 1,5 милиони лица кои живеат во Сао Луис и во 3 соседни градови. Освен училиштата и парковите се зтворени и поголемиот дел од претпријатијата.

Во градот Крајсчерч во Нов Зеланд од Ковид-19 почина една 60 годишна жена со што бројот на починатите во земјата се зголеми на 21 лице.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Белгија изнесува 8.339 лица, Холандија 5.204, Шведска 2.854, Мексико 2.507, Швајцарија 1.795, Еквадор 1.569, Перу 1.444, Ирска 1.339, Португалија 1.074, Романија 854, Полска 723, Австрија 606, Чиле 275.

 



Слични вести