Индонезија погодена од силен земјотрес со јачина од 7,3 степени

Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во океанот на 180 километри северозападно од областа Тенгара Барат во провинцијата Малуку и се случил на длабочина од 133 километри

1412235
Индонезија погодена од силен земјотрес со јачина од 7,3 степени

Во провинцијата Малуку во Индонезија се случи силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер.

Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика (БМКГ) на Индонезија соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во океанот на 180 километри северозападно од областа Тенгара Барат во провинцијата Малуку и се случил на длабочина од 133 километри.

По земјотресот, Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика (БМКГ) на Индонезија не издаде предупредување за цунами во областа.

Засега не е објавено соопштение во врска со тоа дали има човечки загуби или дали е причинета материјална штета.

Земјотресот со јачина од 7,5 степени којшто на 28 септември 2018 година се случи во заливот Палу на островот Сулавеси во Индонезија и потоа дојде до џиновски бранови цунами, ги погоди областите Донгала, Палу и Сиги. Притоа во земјотресот и цунамито животот го загубија 4.340 лица.



Слични вести