ЕУ одобри макро-финансиска поддршка за 10 земји од 3 милијарди евра за справување со корона кризата

Согласно одобената макро-финансиска поддршка на 10 земји во вкупен износ од 3 милијарди евра за справување со кризата поради Ковид-19, на Северна Македонија ќе и се додели финансиска поддршка од 160 милиони евра

1412116
ЕУ одобри макро-финансиска поддршка за 10 земји од 3 милијарди евра за справување со корона кризата

Земјите членки на Европската унија (ЕУ) ја одобрија макро-финансиската поддршка на 10 земји во вкупен износ од 3 милијарди евра за справување со кризата поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Европскиот совет (ЕС) објави соопштение во кое се истакнува дека од страна на земјите членки е одобрен пакетот којшто содржи финансиска поддршка за различни земји, а со цел ограничување на економските влијанија на Ковид-19.

Во соопштението се вели дека  на Северна Македонија ќе и се додели макро-финансиска поддршка во износ од 160 милиони евра, на Албанија 180 милиони, Босна и Херцеговина 250 милиони, Грузија 150 милиони, Јордан 200 милиони, Косово 100 милиони, Молдавија 100 милиони, Црна Гора 60 милиони евра, Тунис 600 милиони и на Украина 1 милијарда 200 милиони евра.

Финансиската помош на Европската унија (ЕУ) содржи многу попогодни услови на отплата од кредитите коишто наведените земји во нормални услови би можеле да ги обезбедат од пазарите.

Одобрената макро-финансиска поддршка за која станува збор се очекува да биде одобрена и од страна на Европскиот парламент (ЕП) и потоа да им биде ставена во употреба на наведените земји.

 



Слични вести