Во операција против терористичките организации во Нигерија се неутрализирани 134 терористи

Во Нигерија е реализирана операција против терористичките организации Боко Харам и ИСВАП во која се неутрализирани 134 терористи

1410985
Во операција против терористичките организации во Нигерија се неутрализирани 134 терористи

Во реализирана операција против терористичките организации во Нигерија се неутрализирани 134 членови на овие организации.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Нигерија Џон Ененче во дадената изјава за новинарите истакна дека во североисточниот дел на земјата е реализирана операција против терористичките организации Боко Харам и ИСВАП.

Ененче рече: "Операцијата Кантана Жимлан беше реализирана успешно и се неутрализирани 134 членови на терористичките организации. 78 од загинатите се членови на организацијата ИСВАП, а 56 членови на организацијата Боко Харам."

Велејќи дека се има за цел да се стави крај на делувањето на двете терористички организации на териториите на Нигерија, Џон Ененче рече: "Воедно се фатени и 16 лица кои соработуваа со организациите и кои им обезбедуваа информации."

Ененче нагласи дека операцијата е започната на 1 мај и дека се запленети големи количини муниција на наведените терористички организации.



Слични вести