Европските земји продолжуваат со укинување на мерките против Ковид-19

Собранието на Србија на утрешната седница на генералното заседание планира да ја укине вонредната состојба која беше прогласена на 15 март

1411434
Европските земји продолжуваат со укинување на мерките против Ковид-19

Со намалувањето на интензитетот на случаите на заразени од новиот тип на коронавирусот (Ковид-10), голем број европски земји продолжуваат со укинување на преземените мерки против епидемијата.

Владата на Чешка донесе одлука на 11 мај повторно да започне патувањето со воз и автобуси на меѓународните релации кои беше забрането на 14 март поради Ковид-19.

Унгарија соопшти дека фудбалската лига на земјата која беше откажана поради Ковид-19, на 30 мај повторно ќе започне.

Премиерот на Словачка  Игор Матович рече дека продолжуваат постепено да ги олабавуваат мерките против епидемијата додавајќи дека на следниот состанок на владата ќе дискутираат за можноста за отворање на училиштата.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Собранието на Србија беше истакнато дека на утрешната седница на генералното заседание на Собранието се планира да се укине вонредната состојба која беше прогласена на 15 март.

Од Полска беше објавено соопштението дека Меѓународниот фестивал на Шопен којшто традиционално се одбележува секоја година и важи за еден од најпрестижните, годинава беше одложен поради епидемијата и ќе се одржи идната година во октомври.

Владата на Црна Гора даде одобрение за одржуавње индивидуални тренинзи на спортистите во периодот од 6 до 18 мај согласно хигиенските правила во отворени и зтаворени простори, додека почнувајќи од 18 мај до 1 јуни, екипите ќе можат да одржуваат колективни тренинзи.



Слични вести