Во два одделни напади на ДЕАШ во Ирак загинаа двајца припадници на Хашди Шаби и еден ирачки војник

Терористичката организација ДЕАШ реализира два одделни напади во провинцијата Дијала во источниот дел на Ирак во кои загинаа двајца припадници на милициските сили Хашди Шаби и еден војник на ирачката армија

1410307
Во два одделни напади на ДЕАШ во Ирак загинаа двајца припадници на Хашди Шаби и еден ирачки војник

Во два одделни напади реализирани од страна на терористичката организација ДЕАШ во провинцијата Дијала во источниот дел на Ирак загинаа двајца припадници на милициските сили Хашди Шаби и еден војник на ирачката армија.

Според добиени информации од еден анонимен офицер на задача во ирачкото министерство за внатрешни работи, во реализиран напад од страна на ДЕАШ врз еден контролен пункт на Хашди Шаби во областа Хави ал Азим во северниот дел на провинцијата Дијала загинаа двајца припадници на милициските сили Хашди Шаби, а тројца се ранети.

Во отворен оган од страна на снајперист на терористичката организација ДЕАШ во областа Ајн Лејла во северниот дел на истата провинција пак, загина еден војник на ирачката армија.

 



Слични вести