Состојбата со Ковид-19 во светот: Починаа над 248 илјади лица, а бројот на оздравените надмина 1 милион 150 илјади

Бројот на смртните случаи во САД од Ковид-19 се зголеми на 68.636 лица, во Италија на 28.884, Велика Британија 28.446, Шпанија 25.428, Франција 25.818, Германија 6.812, Белгија 7.924, Канада 3.774, во Бразил 7.025 лица

1409961
Состојбата со Ковид-19 во светот: Починаа над 248 илјади лица, а бројот на оздравените надмина 1 милион 150 илјади
italya
Koronavirüs İtalya Milano.jpg
koronavirüs italya.jpg
italya covid.jpg
koronavirüs İtalya.jpg
super italya covid-19
Koronavirüs İtalya.2.02.04.jpg
abd korona.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
koronavirüs ABD New York.jpg
abd kovid.JPG
koronavirüs ABD covid-19.jpg
ingiltere.jpg
Korona İngiltere 2.jpg
SÜPER FOTO KORONA.İSPANYA.2.jpg
SÜPER FOTO KORONA.İSPANYA.1.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler 1.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler2.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler8.jpg
Koronavirüs İspanya.4.02.04.jpg
Koronavirüs İspanya.5.02.04.jpg
İspaniya_Covid-19.jpg
Koronavirüs Almanya.jpg
almanya koronavirüs.jpg
fransa paris bos sokaklar.jpg
fransa.jpg
Koronavirüs Fransa 3.jpg
Koronavirüs Fransa 2.jpg

Бројот на човечките загуби од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 248.600 лица, на случаите на зараза изнесува над 3 милиони 584 илјади, а на оздравените над 1 милион 161 илјада лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто билансот од коронавирусот е најтежок бројот на починатите со раст за уште 1.142 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 68.636 лица, а на случаите на зараза надмина 1 милион 175 илјади. Само во сојузната држава Њујорк, епицентарот на глобалната епидемија во САД, има околу 25 илјади смртни случаи и над 320 илјади регистрирани случаи на зараза од вирусот.

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека човечките загуби од глобалната епидемија на Ковид-19 во земјата може да достигне од 80 илјади до 90 илјади лица, дека се работи интензивно на вакцината против вирусот и дека овие работи ќе бидат завршени до крајот на 2020 година. Од друга страна, Секретаријатот за внатрешна безбедност на САД наведе дека кинеските власти епидемијата на Ковид-19  која се појави во Вухан и нејзиниот степен на преносливост намерно ги сокрива за медицинска залиха.

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за уште 174 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 28.884. Бројот на активни случаи на коронавирусот во земјата се намали на 100.179, додека вкупниот број на досега заразените лица од Ковид-19 изнесува 210.717 лица. Во меѓувреме, бројот и на оздравените вчера со раст за уште 1.740 лица се зголеми на вкупно 81.654.

Во Италија од денеска почнаа постепено да се олабавуваат воведените строги мерки против епидемијата. Од денеска официјално започна втората фаза којашто премиерот Џузепе Конте ја окарактеризира како „период кога ќе се живее заедно со вирусот“. Во земјата почнаа да работат повеќе од 4 милиони лица во секторите на градежништвото, производството и трговијата на големо. Внимание привлече прометноста на улицата на главниот град Рим.

Во Велика Британија бројот на починатите со смртта на уште 315 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 28.446, а на случаите на зараза на 186.599 лица. Британскиот премиер Борис Џонсон истакна дека додека се наоѓал на интензивна нега од Ковид-19 владата правела планови за итна акција во случај на негова смрт,а исто така и лекарите за момент почнале да размислуваат како ќе ја објават неговата евентуална смрт.

Во Шпанија бројот на смртните случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа со раст за уште 164 лица се зголеми на 25.428 лица. Бројот на случаите на зараза пак, се искачи на 247.122 лица.

Во Франција бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 135 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 25.818, а на случаите на зараза изнесува над 202 илјади лица. Во земјата  се наоѓаат на лекување 25.815 лица од кои 3.819 се на интензивна нега.

Бројот на смртните случаи во Германија се искачи на 6.812 лица, а на дијагностицираните лица позитивни на вирусот изнесува 164.967 лица од кои е соопштено дека 130.600 пациенти оздравеа.

Во Белгија кадешто бројот на починатите од вирусот се зголеми на 7.924, а на случаите на зараза на 50.267 лица, од денеска се олабавува „делумната изолација“ којашто се применуваше во рамките на епидмеијата. Под услов да се почитува социјалното растојание е дозволено да бидат отворени некои работни места во земјата, така да ќе може да се вози велосипед или да се шета групно најмногу по три лица.

Во Канада бројот на починатите од Ковид-19 со раст за 312 лица се зголеми на 3.774, а на случаите на зараза со раст за 4.664 лица се искачи на 59.474. Во сојузните држави Онтарио, Квебек, Алберта, Манитоба и Саскачеван е дозволено од денеска да бидат повторно отворени некои работни места кои беа затворени во рамките на превентивните мерки поради епидемијата.

Бројот на смртните случаи од епидемијата во Бразил се зголеми на 7.025, а на случаите на зараза на 101.147 лица.

Во Нов Зеланд кадешто од Ковид-19 животот го загубија 20 лица, дијагностицирани се 1.487, а оздравеа 1.276 лица, за прв пат од средината на март досега во изминатите 24 часа не е регистриран нов случај на зараза од Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Исланд се зголеми на 10 лица, а се регистрирани 1.799 случаи на зараза. Денеска, по пауза од 6 недели повторно се отвораат гимназиите, универзитетите, фризерските салони, стоматолозите и другите работни места.

Во Германија повторно се отворени фризерските салони кои во рамките на борбата против епидмеијата на Ковид-19 беа затворени на 23 март.

Балканските земји исто така постепено ги укинуваат мерките против Кобид-19.

Во Северна Македонија времетраењето на ограничување на движењето на граѓаните т.е. забраната за излегување на улица, од понеделник до четврток ќе трае од 19:00 часот до 05:00 часот наутро, а викендите ќе се применува од 14:00 часот петок до 05:00 часот понеделник наутро.

Во Албанија се отворени повторно некои продавници како продавниците за текстил, кондури и телефони, а е дозволено да работат и таксите.

Во Косово почнаа да работат повторно некои продавници за недвижнини, купопродажба на возила и на мало, мајсторите за лична облека и намештај и канцелариите за консултации.

Во Србија од денеска почнаа да вршат услуга кафетериите и рестораните, а под услов да внимаваат на правилата на социјално растојание и хигиена.

Во Босна и Херцеговина почнаа повторно да работат некои продавници на мало и фризерските салони.

Во Хрватска повторно ги отворија своите врати особено здравствените ценрти, фризерските салони и салоните за убавина.

Во Словенија пак, повторно се отворени за верски обред (ибадет)џамиите и месџидите.



Слични вести