Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка во изминатите 24 часа

Глобалната епидемија продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1409966
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка во изминатите 24 часа
Süper Foto Korona Rusya.1.jpg
Rusya Koronavirüs.3.08.04..jpg
Rusya Koronavirüs.2.08.04.jpg
Koronavirüs Rusya.2.11.04.jpg
rusya kovid.JPG
Koronavirüs Rusya.1.02.04.jpg
Koronavirüs Rusya.3.jpg
Korona Rusya 4.jpg
Korona Rusya 2.jpg
iran-corona.jpg
iran.JPG
iran.jpg
Koronavirüs İran.2.02.04.jpg
iran korona kovid.JPG
iran koronavirus.jpg
koronavirüs Çin.jpg
China.jpeg
WUHAN CHINA.jpg
Koronavirüs Japonya.4.11.04.jpg
Koronavirüs Japonya.3.11.04.jpg
Koronavirüs Japonya.1.11.04.jpg
Koronavirüs Japonya.4.jpg
Koronavairüs Japonya.1.jpg
Güney Kore.jpg
arap ulkeleri kovid.jpg
super covid 19 guney afrika
afrikakorona.jpg
afrika kovid.jpg
Güney Afrika.jpg
guney afrika cmh. korona.jpg

Бројот на човечките загуби од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 248.600 лица, на случаите на зараза изнесува над 3 милиони 584 илјади, а на оздравените над 1 милион 161 илјада лица.

Глобалната епидемија продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Иран бројот на починатите се зголеми на 6.277 лица, а на случаите на зараза на 97.647.

Претседателот Хасан Рухани во врска со донесените ограничувања во рамките на борбата против коронавирусот истакна дека од денеска ќе бидат отворени за верски обред џамиите во областите означени со бела боја кои се оценуваат за помалку опасни. Рухани рече дека во овие области се планира на 16 мај да бидат отворени и училиштата. Како што се истакнува, се забележува пад во епидемијата во 9 провинции, а во 15 провинции постои раст. 

Во Кина, изворната земја на глобалната епидемија бројот на смртните случаи изнесува 4.633, а се регистрирани 82.880 случаи на зараза.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Русија се зголеми на 1.356 лица, а на регистрираните случаи на зрааза на 145.268. Во армијата се дијагностицирани 1.254 случаи позитивни на Ковид-19.

Во Израел бројот на човечките загуби се искачи на 229 лица, а на случаите на зараза на 16.185.

Во Саудиска Арабија бројот на починатите се искачи на 176, а вкупниот број на случаите на зараза на 25.459 лица.

Во Пакистан, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 25 лица со што вкуниот број на смртните случаи се зголеми на 457а, а на случаите на зараза со раст за 1.301 лице се искачи на вкупно 20.071.

Во Јордан кадешто поради Ковид-19 има 9 смртни случаи вчера не се регистрирани новозаразени, меѓутоа има 461 случај на зараза од вирусот. Во земјата е донесена одлука почнувајќи од среда да почнат да функционираат наново сите економски сектори.

Во градот Киркук (Керкук) во Ирак поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус во последните два месеци по втор пат е прогласена забрана за излегување на улица, а којашто по регистрираните 35 случаи на зараза во изминатите 24 часа повторно ќе стапи во сила. На оние кои нема да ја почитуваат забраната ќе им биде изречена парична казна.

Во Судан кадешто починаа 41 лице и се регистрирани 591 случаи на зараза, соопштено е дека бил позитивен на коронавирусот тестот и на министерот за транспорт и инфраструктура Хашим Ибн Авф кој од минатата недела се наоѓал во карантин во својот дом.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Јужна Кореја се зголеми на 252 лица, а се дијагностицирани 10.801 позитивно лице.

Во Јапонија има 555 човечки загуби, а 15.914 лица се позитивно на вирусот. Вонредната состојба во земјата е продолжена до крајот на овој месец.

Во Тајланд кадешто починаа 54 лица, бројот на случаите на зараза достигна до 2.987.

Во земјите во Евроазија бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 е вака:

Во Белорусија 103/17.489, Украина 303/12.331, Казахстан 27/3.964, Киргизистан 10/830, Молдавија 128/4.121, Ерменија 39/2.507, Узбекистан 10/2.160, Таџикистан 2/128, Грузија 9/595.



Слични вести