Помпео: Постојат бројни докази за тоа дека Ковид-19 потекнува од лабораторија во Вухан

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во дадената изјава за американскиот телевизиски канал „ABC News“ наведе дека постојат бројни докази за тоа дека Ковид-19 потекнува од лобораторија во кинескиот град Вухан.

1409969
Помпео: Постојат бројни докази за тоа дека Ковид-19 потекнува од лабораторија во Вухан

Американскиот државен секретар Мајк Помпео беше гостин во програмата на американскиот телевизиски канал „ABC News“ кадешто одговараше на поставените прашања во врска со глобалната пеимдеија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Помпео наведе дека постојат бројни докази за тоа дека Ковид-19 потекнува од лобораторија во кинескиот град Вухан.

Мајк Помпео истакна дека кинеските власти ги протераа од земјата новинарите кои работат за меѓународните новинска агенции и по пат на замолчување на кинеските лекари кои доставуваа предупредувања водеа обиди за да би останал во тајност вирусот што се појави во Вухан, што пак потоа го зафати целиот свет и зарази стотици илјади луѓе ширум светот. 

Наведувајќи дека постојат јасни докази во однос на овие иницијативи на кинеските власти, Помпео го рече следното: „Претседателот Доналд Трамп е доста јасен по ова прашање. Тогаш кога времето за тоа ќе го одредиме ние ќе побараме сметка за одговорните.“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во продолжение го додаде следното: „Кина располага со минато за инфектирање на светот со своите лаборатории од низок стандард. Не сме подложени за прв пат на вируси коишто се резултат на неуспешните експерименти во кинеските лаборатории. Треба да продолжат активностите на разузнавачките служби по ова прашање, меѓутоа би можел да ви го кажам тоа дека има бројни докази за тоа дека ова (Ковид-19) потекнува од лабораторија во Вухан.“



Слични вести