Операции од египетската армија на Синајскиот полуостров: Убиени се 126 милитанти, загинаа 15 војници

Портпаролот на египетската армија Тамир ал Рифаи информира дека во реализираните операции од страна на Армијата на Синајскиот полуостров во последните неколку дена се убиени 126 милитанти, а загинаа 15 египетски војници

1410101
Операции од египетската армија на Синајскиот полуостров: Убиени се 126 милитанти, загинаа 15 војници

Во реализираните операции од страна на египетската армија на Синајскиот полуостров се убиени 126 милитанти, а загинаа и 15 египетски војници.

Портпаролот на египетската армија Тамир ал Рифаи во објавеното писмено соопштение истакна дека во 22 упади и 16 операции коишто ги реализираа единиците на армијата во последните неколку дена на Синајскиот полуостров се убиени 126 милитанти, а се доведени во неупотреблива состојба и 8 тунели на границата со Газа.

Рифаи ја сподели и информацијата дека во вооружените судири со милитантите загинаа и 15 египетски војници, но притоа не даде детални податоци.

Портпаролот на египетската армија Тамир ал Рифаи  истакна дека од страна на воздушните сили за време на операциите се уништени 228 засолништа на милитантите и 630 мини, а се фатени и 266 лица по кои се трага.



Слични вести