Операции на либиската армија врз милициските сили на пучистот Хафтар

Либиската армија реализира операции врз милициските сили на пучистот Халифа Хафтар, водачот на нерегуларните вооружени сили во источниот дел на земјата

1410137
Операции на либиската армија врз милициските сили на пучистот Хафтар

Артилериски орудија и воздушни елементи на либиската армија реализираа операција врз милициските сили на пучистот Халифа Хафтар во областите јужно и југозападно од главниот град Триполи.

Според објавеното соопштение од одделот за печат на операцијата Вулкан на гневот на силите на Владата на национално единство, во близина на меѓународниот аеродром на Триполи јужно од главниот град со топовски истрел од хаубица е погодено и неутрализирано воено возило во кое се наоѓале припадници на милициските сили и платени војници на Хафтар.

Во југозападниот дел на главниот град Триполи пак, воздушни елементи на либиската Влада реализираа ноќна операција.

Во операцијата за која станува збор на патот помеѓу воздухопловната база Ватије Хава и Батин ал Џебел е погодено воено возило натоварено со оружје и муниција на милициските сили на Хафтар.

Официјалниот портпарол на либиската армија потполковник Мухамед Кунуну соопшти дека воздушни елементи на либиската армија реализираа три воздушни операции врз милициските сили на Хафтар во воздухопловната база Ватије.

Велејќи дека операциите се реализирани по полноќ, Кунуну не даде било какви детали во врска со загинатите или состојбата на ранетите припадници на милициските сили на пучистот Халифа Хафтар, водачот на нерегуларните вооружени сили во источниот дел на Либија.

Од друга страна, воздушните елементи на либиската армија погодија и 7 цистерни за снабдување со гориво на милициските сили на пучистот Хафтар во градот Терхуне.



Слични вести