Денес почнува Глобалниот самит за вакцина
На видео конференцијата ќе учествуваат лидери на 11 земји од Азија, Блискиот Исток и Америка

На Глобалниот самит за вакцина која иницијатива беше покрената од страна на ЕУ и Велика Британија, ќе учествуваат претставници на голем број и организации. На почетокот се планира да се соберат околу 7,5 милијарди евра.
Во рамките на борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) дене стартува најсеопфатната кампања за глобална вакцина и лекување. Целта на Глобалниот самит за вакција е да се обезбедат финансиски средства за меѓународните истражувања во сферата на изнаоѓањето вакцина, лекувањето и дијагностицирањето.
На видео конференцијата ќе учествуваат лидери на 11 земји од Азија, Блискиот Исток и Америка, а не уествуваат лидерите на САД, Кина, Индија и Русија. Првата земја која што донираше беше Велика Британија. Лондон во рамките на кампањата на сметката на Фондот за истражување префрли 388 милиони фунти.
Следниот чекор којшто ќе се фрли во рамките на глобалната кампања ќе биде објавен на денешниот самит.
Актвноста за глобалната заложба и посветеност ќе започне во 16.00 часот според локално време и ќе се емитува во живо од брисел, Берлин и Лондон.