СЗО: „Мерките коишто ги презеде Турција во домовите за нега на старците пример за светот“

На конференцијата беше изнесено дека бројот на леглата и апаратите за вештачко дишење кои беа распределени и наменети за возрасните е над просекот

1409710
СЗО: „Мерките коишто ги презеде Турција во домовите за нега на старците пример за светот“

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека мерките коишто ги презеде Турција во врска со домовите за нега и грижа на старците претставуваат пример за светот.

Преставниците на Министерството за семејни, трудови и социјални услуги во врска со мерките кои беа преземени во домовите за нега и грижа на старците остварија видео конференција со претставниците на Светската здравствена организација.

Преставниците на Министерството ги споделија мерките коишто ги презедоа во домовите.

На конференцијата беше изнесено дека бројот на леглата и апаратите за вештачко дишење кои беа распределени и наменети за возрасните е над просекот.

Претставниците на СЗО изразија задоволство од преземените мерки и политиките коишто следат и потенцираа дека истите се многу импресивни.

Претставниците на СЗО акцентираа дека мерките кои ги презеде Турција се пример за целиот свет.

Преземените мерки ќе бидат објавени во вид на брошури и видеоснимки и истите ќе се објават и од страна на СЗО.



Слични вести