Џонсон името на детето му го даде според еден од лекарите

Името Николас потекнува од имињата на лекарите Ник Прајс и Ник Харт кои минатиот месец му го спасија животот на Борис

1409658
Џонсон името на детето му го даде според еден од лекарите

Британскиот премиер Борис Џонсон и свршеницата Кери Симондс, името на новороденото дете му го дадоа според лекарите коишто му го спасија животот и дедото.

Симондс во објавата преку профилот на инстаграм, заедно со фотографијата на синот го истакна следното: „Ви го претставувам Вилфред Лори Николас Џонсон.“

Имињата Вилфред и Лори се имињата на дедовците, рече 32 годишната Симондс и додаде:

„Името Николас потекнува од имињата на лекарите Ник Прајс и Ник Харт кои минатиот месец му го спасија животот на Борис.“

По лекувањето од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), 55 годишниот Борис Џонсон на 27 април се врати на должноста ина 29 април по шести пат стана татко.

По дијагностицирањето на 27 март дека боледува од Ковид-19 и влошувањето на здравствената состојба, британскиот премиер на 5 април беше префрлен на лекување во болница, а следниот ден беше префрлен на клиниката за интензивна нега. На 12 април Џонсон беше отпуштен од болница а ана 27 април се врати на функцијата.

Џонсон по лекувањето рече дека воопшт не се сомнева дека бил излекуван и му се спасил животот.



Слични вести