Актуелните податоци во врска со Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот во псоледните 24 часа се зголеми на 243 илјади, бројот на заразените на 3 милиони 467 илјади, додека на оздравените 1 милион 113 илјади

1409596
Актуелните податоци во врска со Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот во последните 24 часа се зголеми на 243 илјади, бројот на заразените на 3 милиони 467 илјади, додека на оздравените 1 милион 113 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 474 и изнесува 28 710.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 166 и изнесува 24 760.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија во последните 24 часа се зголеми за уште 621 и изнесува 28 131. Бројот на заразените се зголеми за уште 4 806 и достигна 182 260. Во период кога расте семејното насилство во рамките на борбата против епидемијата во земјата беше одвоен посебен фонд за тоа и беше формирана посебна телефонска линија.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Бразил во последните 24 часа се зголеми за уште 421 и изнесува 6 750. Бројот на заразените се зголеми за уште 4 970 и достигна 96 559.



Слични вести