Во Канада донесена забрана за употреба на 1.500 видови на оружје

Канадскиот премиер Џастин Трудо во врска со донесената забрана за продажба на 1.500 видови на оружје во земјата го рече следното: „Веќе во оваа земја е забрането да се купува, продава, носи, увезува или да се употребува воено оружје“

1409244
Во Канада донесена забрана за употреба на 1.500 видови на оружје

Во Канада е донесена забрана за купување, продажба, носење, увоз или употреба на 1.500 видови на воено оружје.

Канадскиот премиер Џастин Трудо на одржаната прес конференција потсети дека вооружениот напад на 18 април кога во сојузната држава Нова Шкотска беа убиени 23 лица, длабоко ја потресе земјата.

Трудо во врска со донесената одлука за збрана од страна на Владата за којашто соопшти дека веднаш стапи на сила, го рече следното: „Веќе во оваа земја е забрането да се купува, продава, носи, увезува или да се употребува воено оружје.“

Велејќи дека лицата кои веќе располагаат со едно од забранетите видови на оружја ќе имаат двогодишна амнестија да се прилагодат кон оваа забрана и да ги испочитуваат новите прописи, канадскиот премиер Џастин Трудо истакна дека во наредните месеци ќе биде направена измена во легислативата со тоа што на овие лица ќе им се обезбеди „фер надомест“.

Канадскиот министер за јавна безбедност Бил Блер исто така истакна дека казните коишто ќе им бидат изречени на оние кои нема да ја почитуваат забраната ќе бидат определени со закон.



Слични вести