Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка во последните 24 часа

Вкупниот број на починатите од коронавирусот на контенитетот Африка се зголеми на 1.640 лица, на случаите на зараза на 39.018, додека досега оздравеа 12.750 лица заразени со вирусот

1409205
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка во последните 24 часа
Koronavirüs Rusya.3.02.04.jpg
Koronavirüs Rusya .1.jpg
rusya kovid.JPG
rusya korona.jpg
rusya koronavirüs.jpg
arap ulkeleri kovid.jpg
korona arap ülkeleri.jpg
super covid 19 guney afrika
guney afrika cmh. korona.jpg
afrikakorona.jpg
Güney Afrika.jpg
afrika kovid.jpg

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 240 илјади лица, на случаите на зараза изнесува над 3 милиони 421 илјада, а на оздравените над 1 милион 93 илјади лица.

Во Кина, изворната земја на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа не е регистриран нов смртен случај и нов случај на зараза. Од епидемијата во Кина животот го загубија 4.633 лица, заразени се 82.875 лица, а оздравеа 77.684 инфектирани од вирусот.

Во Иран бројот на починатите од Ковид-19 со раст за уште 56 лица во последните 24 часа, се зголеми на вкупно 6.156.

Во Курдската регионална управа во Ирак забраната за излегување на улица којашто поради глобалната епидемија се применува постепено почнувајќи од 4 мај, е продолжена до 10 мај. Во градот Ербил се утврдени уште 6 случаи на зараза со што бројот на инфектираните од вирусот се искачи на вкупно 387 лица.

Во Русија каде што продолжува брзото ширење на Ковид-19 и досега бројот на починатите изнесува 1.222 лица, се позитивни на Ковид-19 тестовите и министерот за градежништво Владимир Јакушев и неговиот помошник Дмитриј Волков. Завчера беше соопштено дека е позитивен тестот на Ковид-19 на рускиот премиер Михаил Мишустин кој истакна дека ќе се самоизолира.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Индија изнесува 1.223 лица, а на случаите на зараза 37.336. Забраната за излегување на улица (забраната за движење) која во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус  беше прогласена во март и која требаше да заврши утре е продолжена за уште 2 недели.

На континентот Африка од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа во Египет се регистрирани 14 смртни случаи, во Јужноафриканската Република 13, Нигерија 10, Судан 5, Кенија 4, Алжир 3 лица.

Вкупниот број на починатите од коронавирусот на контенитет се зголеми на 1.640 лица, на случаите на зараза на 39.018, додека досега оздравеа 12.750 лица заразени со вирусот.

Во туристичката островска држава во Атлантскиот Океан Сао Томе и Принципи е регистриран првиот смртен случај од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Случаите на зараза со коронавирусот моментално се проширени низе цела Африка со исклучок на Лесото на југот на континентот.

Во Малезија во последните 24 часа се регистрирани уште 105 случаи на зараза што претставува највисока бројка во последните 16 дена. Вкупниот број на инфектираните се зголеми на 6.176 лица, а досега оздравеа 4.326 пациенти.



Слични вести