Портпаролката Мекенани за изјавата на Трамп дека Ковид-19 потекнува од лабораторија во Вухан

Портпаролката на Белата куќа Кејли Мекенани на одржаната редовна прес конференција беше запрашана за изјавата на претседателот Трамп во однос на тоа дека ги видел доказите дека Ковид-19 потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан

1409172
Портпаролката Мекенани за изјавата на Трамп дека Ковид-19 потекнува од лабораторија во Вухан

Портпаролката на Белата куќа во САД Кејли Мекенани истакна дека доказите за коишто американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ги видел во однос на тоа дека новиот тип коронавирус (Ковид-19) е излезен од лабораторија во Кина, се претпоставка на американското разузнавање и дека конечната одлука ќе ја донесе самиот претседател.

Мекенани, тврдењата околу тоа дека САД ќе побараат обештетување од Кина поради глобалната епидемија на Ковид-19 ги прокоментира со зборовите „Одлуката за тоа му останува на претседателот Трамп, меѓутоа да го кажам само тоа дека претседателот ова прашање го оценува за сериозно. Тоа што Кина не сакаше да даде информации по прашањето на вирусот го доведе во опасност животот на американскиот народ.“

Портпаролката не Белата куќа Кејли Мекенани беше запрашана и за изјавата на претседателот Трамп во однос на тоа дека ги видел доказите дека Ковид-19 потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан.

Велејќи дека изјавата на Трамп е во усогласеност со американското разузнавање, Мекенани  рече: „Она кое го нарекуваме разузнавање во основа е претпоставка и тоа што ќе биде направено со тоа разузнавање им останува на политичарите. Претседателот Трамп го виде тоа разузнавање и својата одлука ќе ја донесе во погодно време.“



Слични вести