Ким Јонг-ун по неколкудневни гласини дека е мртов се појави на отворањето на една фабрика

На фотографиите се гледа како севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун на церемонијата на свеченото отворање ја пресекува лентата во придружба на неговата помлада сестра Ким Јо-јонг и високи севернокорејски функционери

1409279
Ким Јонг-ун по неколкудневни гласини дека е мртов се појави на отворањето на една фабрика
kim jong-un.jpg
کیم

По неколкудневни гласини околу тоа дека е мртов, севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун се појави во јавноста на отворањето на една фабрика во главниот град Пјонгјанг.

Во веста на официјалната новинска агенција на Северна Кореја „KCNA“, се објавени фотографии како Ким Јонг-ун учествува на церемонија по повод свеченото отворање една фабрика за ѓубрива во Сунчеон, во близина на главниот град Пјонгјанг, а во врска со кого во последните недели се појавија гласини околу тоа дека здравствената состојба не му е добра и дека е мртов.

На фотографиите се гледа како севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун на церемонијата на свеченото отворање ја пресекува лентата во придружба на неговата помлада сестра Ким Јо-јонг и високи севернокорејски функционери.

Инаку, се тврдеше дека група кинески доктори отишле за Северна Кореја и се појавија вести околу тоа дека Ким Јонг-ун на 12 април имал кардиоваскуларна операција и дека бил во процес на закрепнување.

Сателитската телевизија „HKSTV“ од Хонгконг соопшти дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е мртов, меѓутоа оваа вест не беше потврдена од страна на никој функционер.

Тоа што Ким Јонг-ун на 15 април не се појави на неколку значајни манифестации вклучувајќи го и прославувањето на 108. роденден на неговиот дедо Ким Ил-сунг, основачот на Северна Кореја, стана причина да се појават шпекулации во врска со неговата здравствена состојба, а се тврдеше и дека е мртов.

 



Слични вести