МНР: „ОАЕ треба да бидат повнимателни и да се откажат од непријателскиот став кон Турција“

Турција е на страна на легитимноста на Либија

1408732
МНР: „ОАЕ треба да бидат повнимателни и да се откажат од непријателскиот став кон Турција“

Турција ја повика управата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) да биде повнимателна во однос на ставовите кон Турција.

Портпаролот на МНР Хами Аксој даде писмен одговор на прашањето во врска со соопштениет на Министерството за надворепни работи и меѓународна соработка на ОАЕ што го објави во врска со Либија и во кое Турција беше изнесена за цел.

Аксој во врска со соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на ОАЕ рече дека тоа е обид за прикривање на лицемерната надворешна политика којашто ја води оваа земја со цел да ја прикрие помошта којашто и ја доставува на пучистите. Турција секогаш има и гаи голем респетк кон политичкото единство и територијалниот интегритет на арапските земји.

Поаѓајќи од овој став,Турција е на страна на легитимноста во оваа земја и ги поддржува напорите за изнаоѓање политичко решение и ќе продолжи со својот доследен став.

Валканите и неосновани тврдења на Упраата на ОАЕ насочени против Турција, во суштина претставуваат обид за прикривиање на нивните деконструтивни активности во оваа земја. Имено оваа земја со години како обезедува орује, воена опрема и муниција и парамилитарци за пучистите во Либија.

На меѓународното општество многу добро му се познати активностите на ОАЕ не само во Либија, туку и во Јемен, Сирија и Рогот на Африка, насочени против мирот, безбедноста и стабилноста во регионот.



Слични вести