Ковид-19 во светот: Смртни случаи над 232 илјади, заразени над 3 милиони 275 илјади

Бројот на смртите случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за 285 и изнесува 27 967

1408711
Ковид-19 во светот: Смртни случаи над 232 илјади, заразени над 3 милиони 275 илјади

Бројот на смртните случаи во светот од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) се зголеми на 232 илјади, бројот на заразените изнесува над 3 милиони 275 илјади додека на оздравените над 1 милион луѓе.

Бројот на смртите случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за 285 и изнесува 27 967.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за 289 и изнесува 24 376.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија во последните 24 часа се зголеми за 674 и изнесува 26 711. Премиерот Борис Џонсон по хоспитализацијата од Ковид-19 се врати на должноста и ја одржа првата прес конференција. Џонсон изјавата ја започна со благодарноста до вработените но Националните здравствени услуги (НХС) и рече дека бројот на заразените се зголеми за 6 033 и изнесува 171 253. Во врска со хоспитализацијата низ која помина, Џонсон рече дека имал многу шанси. Навистина имав можност да видам посебна грижа и лекување. Ако треба да бидем искрен, голема трагедија е тоа што илјадници луѓе имаа помалку шанси од мене.

Бројот на смртните случаи во Германија изнесува 6 572 од кои 135 се Турци. Животот во земјата во која има над 162 530 заразени,  постепено се враќа кон нормалата.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа во Бразил се зголеми за 435 лица, бројот на заразените се зголеми за уште 7 218 и изнесува 85 218. Бројот на оздравените се зголеми на 35 935 додека продолжува испитувањето на причината за смртта на 1 539 лица.



Слични вести