Американски ДНИ: „Вирусот не е човечки производ“

Разузнавачките служби се едногласни со научните податоци дека вирусот Ковид-19 не е човечки производ и дека нема поигрување со генетиката

1408728
Американски ДНИ: „Вирусот не е човечки производ“

Американскиот Директорат на националните разузнавачки агенции (ДНИ) соопшти дека новиот тип на коронавирусот „не е човечки производ“ и дека „нема поигрување со генетиката“.

Во соопштението кое беше објавено од страна на ДНИ беше истакнато следното:

„Разузнавачките служби се едногласни со научните податоци дека вирусот Ковид-19 не е човечки производ и дека нема поигрување со генетиката.

Продолжува испитувањето дали епидемиајта беше предизвикана од контакт со заразено животно или пак навистина постои некоја лабораторија во Кина каде што наводно беше произведен.

Администрацијата на Доналд Трамп го изнесе наводното тврдење дека изворот на вирусот Ковид-19 се наоѓа во некоја лабораторија за заразни болести во кинескиот град Вухан.

Министерот за надворешни работи Мајк Помпео претходно упати повик дека за конкретно утврдување на фактот од каде се појави вирусот, Кина треба да даде одобрение на експертската екипа да влезе во наведената лабораторија.

Во продолжение Помпео рече дека познато ни е дека Институтот за вирусологија во Вухан се наоѓа не неколку километри од пазарот за диви животни.

Кинеските власти, овие тврдења ги оценија како неосновани.



Слични вести