Состојбата со Ковид-19 во светот: Над 220 илјади починати, над 3,2 милиони заразени со вирусот

Бројот на смртните случаи во САД од Ковид-19 се зголеми на над 61 илјада лица, во Италија на 27.682, Шпанија 24.543, Велика Британија 26.097, Франција 24.087, Белгија 7.594, Германија 6.467, Холандија 4.795, Бразил 5.466, Канада на 3.054

1407981
Состојбата со Ковид-19 во светот: Над 220 илјади починати, над 3,2 милиони заразени со вирусот
COVID-19-dunya.jpg
koronavirüs ABD covid-19.jpg
italya covid.jpg
covid-19 new york
koronavirüs İtalya.jpg
koronavirus İspanya
SÜPER FOTO KORONA.İSPANYA.2.jpg
SÜPER FOTO KORONA.İSPANYA.1.jpg
koronavirüs Hollanda.jpg
koronavirüs Belçika.jpg
koronavirüs ABD New York.jpg
koronavirüs italya.jpg
isp korona.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
Koronavirüs İtalya Milano.jpg

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува над 229 илјади 300 лица, на случаите на зараза над 3 милиони 248 илјади 100, а на оздравените над 1 милион 16 илјади лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД) кои и натаму се во состојба на епицентар на глобалната епидемија, бројот на смртните случаи надмина 61 илјада 800 лица, а на случаите на зараза изнесува над 1 милион 55 илјади лица. Откако во еден дом за старци во сојузната држава Масачусетс кадешто се сместени пензионирани војници од новиот тип коронавирус починаа 70 лица, е започната истрага поради сомневање дека не се преземени неопходните медицински превентивни мерки.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека од идната недела повторно ќе ги започне своите патувања во кои направи пауза поради Ковид-19. Во врака со работите за пронаоѓање на вакцина пак коишто продолжуваат во земјата, Трамп го рече следното: „Ако го снема вирусот можеби нема да имаме потреба од вакцина. Меѓутоа ако биде пронајдена вакцината тоа би било извонредно.“ На поставеното прашање „Добро, дали мислите дека вирусот ќе го снема само по себе без да постои потреба од вакцина?“, претседателот Доналд Трамп одговори со зборовите: „Овој вирус ќе го снема. Еден ден целосно ќе не напушти. Ќе биде уништен.“

Во меѓувреме, се истакнува дека на крајот на оваа недела ќе бидат отворени парковите и голф-игралиштата во Њу Џерси која е втора најтешко погодена сојузна држава на САД од глобалната епидемија.

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за уште 323 лица  во последните 24 часа се зголеми 27.682, додека бројот на случаите на зараза се намали за 548 лица и опадна на 104.657. Од друга страна, италијанскиот заменик министер за здравство Пиерпаоло Силери информира дека во рамките на поведените истраги во врска со домовите за старци кадешто се забележани голем број смртни случаи, се утврдени сериозни нерегуларности во еден од секои 4 домови за старци.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте истакна дека епидемијата се уште не заврши и дека не можат да се вратат брзо во нормала. Економијата на земјата под влијание на епидемијата во првиот квартал од годината доживеа стеснување од 4,7 отсто и го забележа најострото стеснување од 1995 година досега.

Во Шпанија, бројот на починатите со раст за уште 268 лица во последните 24 часа, се зголеми на вкупно 24.543, а на случаите на зараза со раст од 816 лица се искачи на 213.435 лица. Економијата на земјата под влијание на Ковид-19 со најголемиот пад по 1970 година во првиот квартал од годината доживеа стеснување од 5,2 отсто. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција со раст за уште 427 лица во последните 24 часа, се зголеми на 24.087, а на дијагностицираните позитивни случаи со раст за 626 лица достигна до 198.215. Економијата на земјата под влијание на епидемијата во првиот квартал на годината се стесни за 5,8 отсто и го забележа најострото смалување од Втората светска војна досега.

Во Велика Британија, е соопштено дека вкупниот број на починатите од Ковид-19 во болниците и домовите за старци изнесува 26.097 лица, а бројот на случаите на зараза со раст за уште 4.076 лица се зголеми на 165.221.

Во Белгија бројот на смртните случаи се зголеми на 7.594, а на случаите на зараза на 48.519 лица. 46 отсто од смртните случаи во оваа земја се регистрирани во болници, а 53 отсто во домови за старци. Дефинирано е дека првата фаза на нормализација во земјата ќе започне на 4 мај.

Во Германија поради Ковид-19 животот го загубија 6.467 лица, додека бројот на починатите Турци од вирусот со смртта на уште 7 мина се зголеми на 130. Лотар Виелер, претседателот на Институтот Роберт Кох (RTI) кој работи во сферата на заразните болести и ја информира владата. соопшти дека се претпоставува дека во земјата има поголем број починати лица од Ковид-19 од официјалните соопштени и регистрирани бројки.

Во Холандија од епидемијата на Ковид-19 во послендите 24 часа починаа уште 84 лица со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 4.795. Бројот на регистрираните случаи на зараза со вирусот пак, со раст за уште 514 лица се искачи на 39.316.

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Шведска изнесува 2.462, Швајцарија 1.703, Мексико 1.569, Ирска 1.519.

Во Бразил вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 5.466, а на случаите на зараза на 78.162 лица.

Човечките загуби од новиот тип коронавирус во Канада се зголемени на 3.054, а на регистрираните случаи позитивни на вирусот на 51.231 лице.

Во сојузните држави Нов Јужен Велс и Тасманија во Австралија со смртта од новиот тип коронавирус (Ковид-19) на уште 3 лица вкупниот број на човечките загуби се зголеми на 91, регистрирани се 6.746 случаи на зараза од вирусот од кои 5.685 лица оздравеа.

 



Слични вести