Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Глобалната епидемија на новиот тип коронавирус Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1407982
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка
Koronavirüs Rusya.2.11.04.jpg
koronavirüs Rusya.jpg
China.jpeg
afrikakorona.jpg
afrika kovid.jpg
Güney Afrika.jpg
guney afrika cmh. korona.jpg
super covid 19 guney afrika
iran.JPG
iran.jpg

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува над 229 илјади 300 лица, на случаите на зараза над 3 милиони 248 илјади, а на оздравените над 1 милион 16 илјади лица.

Глобалната епидемија продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Иран бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 6.028, а на случаите на зараза на 94.640. Соопштено е дека здравствената состојба на 2.976 лица од заболените со вирусот е критична.

Бројот на човечките загуби во Израел се зголеми на 215 лица, а на регистрираните случаи на зараза на 15.834.

Во Кувајт бројот на починатите од вирусот се зголеми на 23, а на случаите на зараза на 3.440 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Алжир се искачи на 437, во Египет на 359, Мароко 165, Ирак 90 и Јордан на 8 лица.

Во Катар кадешто има 10 починати и 12.564 инфектирани лица, досега оздравеа 1.243 заболени од вирусот. 

Во Бахреин се регистрирани 2.869 случаи на зараза, а оздравеа 1.370 заболени.

Во Либан бројот на случаите на зараза се зголеми на 721, а на оздравените на 150 лица.

Во Тунис бројот на случаите на зараза се зголеми на 980 и министерот за здравство Абдуллатиф ал Мекки истакна дека случаите почнаа да се намалуваат и е ставен под контрола првиот бран, а го рече и следното: „Меѓутоа оваа состојба не значи дека го изоставуваме од вид вториот бран.“

Бројот на смртните случаи и случаите на зараза од Ковид-19 во Молдавија изнесува 111/3.771, Белорусија 84/13.181, Азербејџан 23/1.766, Узбекистан 8/1.969.

Во Таџикистан е регистриран првиот случај на зараза од вирусот, а 15 лица се хоспитализирани.

Во Русија досега од коронавирусот животот го загубија 1.073 лица, 106.498 се заразени, а бројот на оздравените изнесува 11.619 лица. Воедно и бројот на лицата кај кои е регистриран случај на зараза од вирусот во армијата со раст од 170 лица се зголеми на 1.044.

Во Украина има 250 смртни случаи и 9.866 регистрирани случаи на зараза од вирусот.

Бројот на смртните случаи на континентот Африка изнесува вкупно 1.589 лица, а на случаите на зараза во последната една недела со раст за уште 37 лица се зголеми на 36.800. Директорот за здравствена политика и дипломатија во Центарот за контрола и превенција на болести на Африка (Африка CDC) Бенџамин Џудалбаје, истакна дека тоа што континентот располага со помал број случаи на зараза од другите делови во светот е поврзано со преземените мерки и искуството. Џудалбаје, освен тоа напомена дека на континентот само минатата година се појавија 105 различни епидемии вклучувајќи ја и еболата.

Во западноафриканската држава Гвинеја Бисао се заразени со Ковид-9 премиерот Нуно Гомес Набиам и 3 лица од владиниот кабинет.

На Малдивите од Ковид-19 почина една 83 годишна жена. На тој начин во оваа островска држава е регистриран првиот смртен случај од Ковид-19. 

Во Јужна Кореја кадешто досега животот го загубија 247 лица, додека во последните 24 часа се дијагностицирани уште 4 новозаразени со што вкупниот број на случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 10.765.

Во Индија кадешто се планира забраната за излегување на улица прогласена на 24 март да заврши на 3 мај, во последните 24 часа од епидемијата на Ковид-19 починаа уште 73 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми над илјада, а бројот на случаите на зараза се искачи на 31.332 лица.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Пакистан со уште 23 починати во последните 24 часа, се зголеми на вкупно 358 лица, а на случаите на зараза со раст од 828 лица се искачи на вкупно 16.117.



Слични вести