Претседателот на Врховниот државен совет на Либија Мишри: Соработката со Турција ја зајакна Владата

Претседателот на Врховниот државен совет на Либија Халид ал Мишри истакна дека потпишаниот договор за воена соработка со Турција ја зајакна Владата на национално единство на Либија

1408527
Претседателот на Врховниот државен совет на Либија Мишри: Соработката со Турција ја зајакна Владата

Претседателот на Врховниот државен совет на Либија Халид ал Мишри во интервју за телевизијата „Ал Џезира“ со седиште во Катар истакна дека Владата на национално единство на Либија која е легитимно призната и од страна на Обединетите нации (ОН) стана посилна по потпишаниот договор за воена соработка со Турција.

На едно поставено прашање, Мишри потсети на „договорот за безбедносна и воена соработка“ потпишан помеѓу Турција и Владата на национално единство на 27 ноември 2019 година во Истанбул.

Мишри рече: „по потпишаниот договор за соработка со Турција, либиската влада зајакна, а воедно воспостави многу поголема организација и зајакнување.“

Наедно поставено прашање во врска со посетата на функционерите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на главниот град на Судан, Картум, за снабдување со платени војници на лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар, претседателот на Врховниот државен совет на Либија Халид ал Мишри одговори со зборовите: „Хафтар почна да губи сила во источниот дел на земјата. Затоа земјите кои го поддржуваат Хафтар се обидуваат да донесат платени војници надвор од Либија. Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) почнаа да стануваат повлијателни во Либија. Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) своите активности во Либија ги водат со посредство на Канцеларијата за специјални операции под претседателство на Мухамед Дахлан. Вооружените сили на либиската влада се стекнаа со сила и способност веќе да излезат од одбрана и да реализираат операции. Не се плашиме од платените војници на Хафтар. Нив ќе ги испратиме во нивните земји во ковчези.“



Слични вести