Силите на либиската Влада реализираа воздушен напад врз конвој со муниција на пучистот Хафтар

Силите на либиската Влада реализираа воздушен напад врз конвој кој носеше муниција за милициските сили на пучистот Халифа Хафтар

1407492
Силите на либиската Влада реализираа воздушен напад врз конвој со муниција на пучистот Хафтар

Владата на национално единство на Либија, на југот на главниот град Триполи реализираа воздушен напад врз конвој кој носеше муниција за милициските сили лојални на пучистот Халифа Хафтар. 

Портпаролот на воените единици на легитимната меѓународно призната влада од страна на Обединетите нации (ОН) Владата на национално единство на Либија потполковник Мухамед Кунуну, во објавеното соопштение од Центарот за печат на операцијата Вулкан на гневот истакна дека воздушните сили на Владата на национално единство на патот помеѓу областите Ал Кајрат и Несеме бомбардираа конвој кој носел муниција за милициските сили лојални на Халифа Хафтар.

Кунуну рече дека конвојот кој ги снабдувал милициските сили на Хафтар на југот на главниот град Триполи и градот Терхуне се состоел од еден камион и 4 возила кои го придружувале.

Од друга страна, милициските сили на Хафтар извршија 6 ракетни напади врз една полска болница во областа на патот на аеродромот на југот на главниот град Триполи. Поради нападот беше причинета голема материјална штета во болницата и амбулантните возила.

Инаку, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар, во говорот што го одржа во понеделник вечер изјави дека политичкиот Договор од Сухејрат ја изгубил својата важност кој е потпишан под покровителство на Обединетите нации (ОН), дека застанува на чело на државата (се самопрогласува за претседател на државата) и дека неговите лојални  вооружени групи по име Либиска национална армија ќе ја земат под контрола целата земјата.

Хафтар и претходно изврши обиди за пуч соопштувајќи дека ја презема власта во земјата во своите раце.



Слични вести