Ковид-19 во светот: Досега починаа над 210 илјади лица, а над 3 милиони се позитивни на вирусот

Бројот на смртните случаи во САД од Ковид-19 се зголеми на 56.256 лица, во Италија на 26.977, Шпанија 23.822, Франција 23.293, Велика Британија 21.092, Белгија 7.207, Германија 6.158, Холандија 4.566, Бразил 4.298, Шведска 2.274, Канада на 2.781

1406395
Ковид-19 во светот: Досега починаа над 210 илјади лица, а над 3 милиони се позитивни на вирусот

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми над 212 илјади 300 лица, на случаите на зараза над 3 милиони 81 илјада 500, а досега од болеста се излекувани повеќе од 932 илјади лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД) кои и натаму се во состојба на епицентар на глобалната епидемија, бројот на смртните случаи надмина 56.256 лица, а на случаите на зараза изнесува над 1 милион лица. Во Њујорк кадешто билансот од пандемијата е најтежок, согласно преземените мерки против Ковид-19 внатрепартиските избори за кандидат од Демократската партија за претседател на САД за кои се очекуваше да се одржат на 23 јуни, се откажани. Поради користење на материјали за чистење (хигиена) и средства за дезинфекција против Ковид-19 дојде до зголемување и во бројот на случаи на труење во земјата.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Италија со раст за уште 333 лица во последните 24 часа, се зголеми на вкупно 26.977, додека бројот на активни случаи на зараза од коронавирусот опадна на 199.414 лица.

Во Шпанија бројот на смрните случаи од Ковид-19 со раст за уште 301 лице во последните 24 часа, се зголеми на 23.822 лица, а на случаите на зараза достигна до приближно 210 илјади.

Во Франција бројот на починатите со раст за уште 437 лица во последните 24 часа, се зголеми на вкупно 23.293, а на утврдените случаи позитивни на вирусот со раст од 4.711 лица се искачи на 196.069. Францускиот премиер Едуард Филип рече: „Во сезоната 2019/2020 не ќе можат да се држат сите спортски натпревари вклучувајќи го и фудбалот.“

Во Велика Британија бројот на човечките загуби со раст за 360 лица во последните 24 часа се зголеми на вкупно 21.092, а на случаите на зараза со додадени 4.310 новозаразени се искачи на 157.149. Меѓутоа се поради тоа што дневните податоци соопштени од страна на британската влада се однесува само на смртните случаи во болниците се смета дека вистинската бројка на починатите и случаите на зараза од коронавирусот во земјата е многу поголем.

Бројот на човечките загуби од Ковид-19 во Германија се искачи на 6.158 лица, а на случаите на зараза на 158.957. Бројот на Турците пак, кои починаа од епидемијата во земјата се зголеми на 123 лица.

Во Холандија бројот на смртните случаи од коронавирусот со раст за уште 48 лица во последните 24 часа се зголеми на 4.566, а на случаите на зараза на 38.416.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Белгија се зголеми на 7.207 лица, Бразил 4.298, Шведска 2.274, Швајцарија 1.640.

Бројот на човечките загуби од Ковид-19 во Канада на крајот на неделата со раст за 452 лица се зголеми на вкупно 2.781, а на случаите на зараза со раст од 4.678 лица достигна до 48.229.

Во Австрија кадешто досега починаа 569 лица и бројот на случаите на зараза изнесува 15.357 постепено почнаа да се олабавуваат ограничувањата коишто се ставени во примена за спречување на ширењето на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) така што на 30 април ќе се укине и ограничувањето за излегување на улица, т.е. движење на граѓаните. Австриската министерка за туризам Елизабет Костингер исто така соопшти дека на 29 мај ќе бидат отворени хотелите, зоолошките градини, базените и туристичките места во земјата. Костингер воедно информира дека на 15 мај ќе бидат отворени рестораните и кафетериите и дека овде ќе се спроведуваат нови превентивни мерки. 

Во латиноамериканската држава Мексико од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа животот го загубија 46 лица со што вкупниот број на човечките загуби се зголеми на 1.351 лица, додека министерството за здравство соопшти дека бројот на случаите на зараза со раст за 835 лица се зголеми на 14.677.

Бројот на случаите на зараза/случаите на смрт од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои европски земји е вака:

Швајцарија 29.264/1.677 лица, Португалија 24.027/928, Шведска 18.926/2.274, Полска 12.089/570, Романија 11.616/650, Данска 8.851/427, Србија 8.275/162 , Чешка 7.449/223, Финска 4.740/193, Унгарија 2.649/291, Грција 2.534/136, Хрватска 2.039/59, Босна и Херцеговина 1.585/63, Словенија 1.408/86, Северна Македонија 1.421/71, Бугарија 1.387/58 лица

 



Слични вести