Ковид-19 во источните земји: Расте билансот во арапските земји и во земјите во Азија и Африка

Глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжуваат да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и во земјите во Азија и Африка

1406458
Ковид-19 во источните земји: Расте билансот во арапските земји и во земјите во Азија и Африка

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми над 212 илјади 300 лица, на случаите на зараза над 3 милиони 81 илјада 500, а досега од болеста се излекувани и повеќе од 932 илјади лица.

Глобалната епидемија продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Иран со смртта на уште 71 лице во последните 24 часа вкупниот број на починатите од Ковид-19 се зголеми на 5.877, а на случаите на зараза на 92.584 лица. Како што е соопштено од 19 февруари кога е утврден првиот случај на зараза од вирусот досега во борбата против коронавирусот животот го загубија повеќе од 100 здравствени работници.

Во Кина, изворната земја на новиот тип коронавирус (Ковид-19), бројот на починатите изнесува 4.633, а вкупниот број на случаите на зараза изнесува 82.830 лица. Во главниот град Пекинг и најголемиот град на земјата Шангај делумно е започнато со образование во средните училишта. Во провинцијата Хубеј кадешто се наоѓа и градот Вухан од кадешто епидемијата се прошири, веќе не остана заболено лице кое е на лекување од Ковид-19.

Во Алжир кадешто поради коронавирусот го загубија животот 432 лица, вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 4.517. Владата соопшти дека рокот на карантин којшто се спроведува во земјата во рамките на превентивните мерки против глобалната епидемија е продолжен до 14 мај. 

Бројот на човечките сагуби од Ковид-19 во Пакистан достигна до 301 лице, а на случаите на зараза на 14.079. Соопштено е дека од вирусот е заразен и Имран Исмаил, гувернерот на провинцијата Синд кадешто се наоѓа и најголемиот град и главен финансиски и трговски центар на земјата. 

Во Газа под израелска блокада, досега се дијагностицирани 17 лица позитивни на Ковид-19. Унијата на локалните самоуправи во Газа побара помош од меѓународните и регионалните организации и институции за намирање на основните потреби на локалните самоуправи од материјали и гориво коишто ќе се користат во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) кадешто досега починаа 4 лица во последните 10 дена не е регистриран позитивен случај на Ковид-19. Министерот за здравство Али Пилли истакна дека оваа состојба не значи дека епидемијата завшри и дека отсега ќе треба да се работи многу повеќе. Вкупниот број на случаите на зараза во земјата изнесува 108.

Во меѓувреме, за растителниот лек „Covid Organics“ произведен од страна на Мадагаскар против Ковид-19, по Сенегал пристигна барање и од една друга африканска земја Гвинеја Бисао.

Инаку, научници од Институтот за применети истражувања (IMRA) во Мадагаскар, го развија растителниот лек наречен „Covid Organics“ зајакнувач на имунитетот, составен од растението артемисија кое се користи во лекувањето на маларија и од мешавина на голем број лековити тревки во Мадагаскар.

Бројот на смртните случаи во континентот Африка се зголеми на 1.467 лица, на случаите на зараза на 33.272, а досега болеста ја победија и оздравеа 10.091 лице (повеќе 30 отсто од заболените).



Слични вести