Здравствената состојба на Ким Јонг-ун е добра и им се заблагодари на работниците

Мун Чунг-ин, високиот советник за надворешна политика на претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин во интервјуто за СиЕнЕн рече дека Ким Јон-ун е жив и здравјето му е добро

1406033
Здравствената состојба на Ким Јонг-ун е добра и им се заблагодари на работниците

По гласините дека умрел, Јужна Кореја соопшти дека лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун бил здрав и дека здравствената состојба му е добра.

Мун Чунг-ин, високиот советник за надворешна политика на претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин во интервјуто за СиЕнЕн по гласините дека постои голема веројатност лидерот на Северна Кореја да е мртов, рече:

„Позицијата на нашата влада е константна. Ким Јон-ун е жив и здравјето му е добро. Од 13-ти април навам престојува во подрачјето Вилсон. Досега не беше забележан некој сомнителен чекор.“

Во меѓувреме, лидерот на Северна Кореја им се заблагодари на работниците кои работат во изградбата на новото турисичко подрачје на источната страна на земјата.

Според веста на севернокорејскиот весник Родонг Синмун на Јужнокорејската новинска агенција Јонхап, претседателот на Северна Кореја Ким, бескрајно им се заблагодари на работниците кои работат во изградбата на туристикото подрачје Вонсан Калма на источната страна на земјата.

Министерот за обединување на Јужна Кореја Ким Јеон-чул во изјавата на еден форум во Сеул рече дека според информациите со кои се стекнале, во Северна Кореја не владее некоја вонредна состојба.

Во последните неколку недели се појавија гласини дека здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја Ким не била добра.

Во тие рамки беа изнесени дури тврдења дека група кинески лекари заминале за Северна Кореја со цел да му дадат препорака на Ким, кој на 12 април беше беше изложен на кардиоваскуларна операција и беа обајвени информации дека се наоѓа во фаза на подобрување.

Сателитскиот ТВ-канал Хонг Конг најави дека Ким наводно умрел, но оваа вест не беше потврдена од страна на ниту еден висок државен претставник.

Неучеството на Ким на манифестациите по повод 15 април,, одбележувањето на роденденот на дедо му Ким Ил-сунг, беше причина за шпекулации.

Републиканскиот сенатор на американската сојузна држава каролина Линдзи Грахам во врска со тврдењата и шпекулациите околу Ким рече:

„Тоа е затворено општество. Не слушнав ништо директно, но ако не умрел или не е способен за работа, тогаш навистина ќе се шокирам, бидејќи во една затворена земја како што е Северна Кореја и која многу повеќе личи на секташка земја, не можете да дозволите овој вид гласини бескрајно да кружат и прашањата да останат без одговор.“



Слични вести