Во светот од Ковид-19 досега починаа над 201 илјада лица, а над 2,9 милиони се позитивни на вирусот

Најголем број смртни случаи од Ковид-19 има во САД речиси 54 илјади, а потоа следат Италија со 26.384, Шпанија 23.190, Франција 22.614, Велика Британија 20.319, Белгија 7.094, Германија 5.805, Холандија 4.475, Бразил 4.016, Канада 2.350, Шведска 2.192

1405222
Во светот од Ковид-19 досега починаа над 201 илјада лица, а над 2,9 милиони се позитивни на вирусот
koronavirüs coronavirus süperhaber genel.jpg
abd korona.jpg
koronavirüs ABD covid-19.jpg
Koronavirüs ABD.1.11.04.jpg
Koronavirüs ABD.2.11.04.jpg
koronavirüs ABD.jpg
koronavirüs ABD New York.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
koronavirüs italya.jpg
Koronavirüs İtalya Milano.jpg
italya
Koronavirüs İtalya.2.02.04.jpg
SÜPER FOTO.İSP.03.21.04.jpg
SÜPER FOTO.İSP.02.21.04.jpg
isp korona.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler6.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler 1.jpg
Koronavirüs Fransa 3.jpg
fransa paris bos sokaklar.jpg
fransa koronavirus coronavirus bos sokaklar.jpg
almanya korona.jpg
Koronavirüs Almanya.jpg
koronavirüs Belçika.jpg
koronavirüs Hollanda.jpg
hollanda kovid korona.JPG
Koronavirüs Hollanda.jpg
Koronavirüs Hollanda.1.jpg

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми над 203.700 лица, на случаите на зараза над 2 милиони 936 илјади, а досега од болеста се излекувани повеќе од 841.200 лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД) кои понатаму продолжуваат да се во состојба на епицентар на глобалната епидемија, бројот на смртните случаи достигна до речиси 54 илјади лица, а на случаите на зараза до приближно 940 илјади. Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо изјави дека им е издадена надлежност на аптеките да прават тестови за Ковид-19.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Италија со смртта на уште 415 лица во последните 24 часа се зголеми на вкупно 26.384. Меѓу починатите досега се наоѓаат и 150 лекари. Падот во бројот на активни случаи на зараза од коронавирусот во земјата којшто започна на почетокот на минатата недела продолжи и вчера така што изнесува 105.847. Досега оздравеа 63.120 лица.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте истакна дека владата работи строгите мерки на карантин коишто се применуваат поради епидемијата да почнат да се олабавуваат почнувајќи од 4 мај за сектори како што се градежништвото и производството и за голем број фирми. Конте рече: „Не можеме повеќе да го продолжиме овој карантин, ќе се зголеми ризикот од нарушување на социо-економското ткиво на земјата.“

Во Шпанија бројот на починатите во изминатите 24 часа со раст за уште 288 лица се зголеми на 23.190, на случаите на зараза на 225.488 лица, а досега со раст за уште 3.024 лица оздравеа 98.732 лица. Шпанскиот премиер Педро Санчез кој одржа видео конференција со претседателите на владите на 17 автономни управи во земјата, соопшти дека во рамките на процесот на постепено (етапно) нормализирање почнувајќи од 2 мај се планира да се дозволи да се спортува поединечно на улица. Во рамките на некои олабавувања коишто ги спроведува левичарската коалициона влада во Шпанија, по пауза од 43 дена почнаа да излегуваат на улица и децата под 14 годишна возраст.

Во Франција од епидемијата на Ковид-19 бројот на починатите во последните 24 часа со раст за уште 369 лица се зголеми на вкупно 22.614, а на утврдените случа позитивни на вирусот со раст од 1.537 лица се искачи на 186.358. Бројот на оздравените изнесува 44.594 лица.

Во Велика Британија бројот на човечките загуби се зголеми на 20.319 лица, а на случаите на зараза на 148.377.

Бројот на смртните случаи во Белгија со смртта на уште 178 лица во последните 24 часа се зголеми на 7.094 од кои 45 отсто починаа во болници, а 53 отсто во домови за старци. Бројот на случаите на зараза во земјата во со раст за уште 809 лица во послендите 24 часа, се зголеми на вкупно 46.134 лица. 

Во Германија досега има 5.805 починати, додека во последните 24 часа животот го загубија уште 9 турски граѓани со што вкупниот број на починатите Турци во оваа земја се зголеми на 109 лица.

Бројот на човечките загуби во Холандија се искачи на 4.475, а на регистрораните случаи на зарза од вирусот на 37.485 лица.

Во Бразил бројот на починатите од Ковид-19 со раст за уште 346 лица се зголеми на 4.016 , а на случаите на зараза со раст за 5.514 се искачи на 58.509 лица. 

Во Аргентина кадешто животот го загубија 186 лица, а се регистрирани 3.780 случаи на зараза, по трет пат е продолжен карантинот којшто беше прогласен на 20 март, за борба против епидемијата. Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез соопшти дека превентивната и задолжителна социјална изолација којашто најпрвин беше продолжена до 12 април а потоа до 26 април, се продолжува по трет пат и ќе продолжи до 10 мај.

По овие земји најголем број смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во западните земји има во Канада 2.350, Шведска 2.192, Швајцарија 1.593, Мексико 1.221, Ирска 1.063 починати.



Слични вести