Протести во Германија против преземените мерки и ограничувањата поради Ковид-19

Стотици лица кои се собраа без дозвола на плоштадот Роза-Луксембург во главниот град на Германија, Берлин, протестираа против преземените мерки и ограничувањата поради новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1405378
Протести во Германија против преземените мерки и ограничувањата поради Ковид-19

На одржаниот недозволен протест во главниот град на Германија, Берлин, против мерките и ограничувањата поради новиот тип коронавирус (Ковид-19), полицијата притвори голем број лица.

Стотици лица кои се собраа на плоштадот Роза-Луксембург во главниот град на Германија, Берлин, протестираа против преземените мерки и ограничувањата поради коронавирусот.

На недозволениот протест на кој германската полиција презеде засилени безбедносни мерки и беа затворени и околните патишта, учесниците на протестот во своите рацете носеа транспаренти со написи „Германски Устав“ и застанаа во одбрана на тоа дека со ограничувањата на германската влада поради Ковид-19 се прекршуваат фундаменталните права во Уставот. 

Полицијата преку звучници низа пати ги потсети демонстрантите да се придржуваат кон правилото на социјално растојание од 1,5 метри во рамките на преземените мерки во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и побара од нив да го напуштат плоштадот.

Притоа беа притворени голем број демонстранти кои не се придржуваа кон правилото за социјално растојание и кон повиците на полицијата. 

Приближно 500 лица се собраа и на плоштадот Шлосплац во градот Штутгарт во покраината Баден-Виртемберг кои исто така протестираа против мерките и ограничувањата поради Ковид-19.



Слични вести