Меркел: Поради Ковид-19 претседателството на Германија со ЕУ ќе биде поразлично од планираното

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека привременото претседателство на нејзината земја со Европската унија (ЕУ) кое ќе започне на 1 јули поради Ковид-19 ќе помине поразлично од планираното

1405332
Меркел: Поради Ковид-19 претседателството на Германија со ЕУ ќе биде поразлично од планираното

Германската канцеларка Ангела Меркел во својата неделна видео орака повтори дека сѐ додека не се пронајде успешна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19 )ќе мора да се живее со оваа пандемија која ќе го одреди животот и во Европа.

Меркел истакна дека привременото претседателство на нејзината земја со Европската унија (ЕУ) кое ќе започне на 1 јули поради Ковид-19 ќе помине поразлично од планираното.

Нагласувајќи дека борбата против пандемијата ќе заземе значајно место (ќе биде приоритетно) за време на претседателството на Германија со ЕУ, Меркел рече: „Тоа пак, значи дека германското претседателство со ЕУ ќе биде сосема различно отколку што планиравме.“

Таа истакна дека за време на претседателството на нејзината земја освен тоа што ќе се насочат кон економско закрепнување и зголемување на социјалната солидарност во Европа, ќе бидат ориентирани и кон еколошки прашања.

Укажувајќи на тоа дека од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се погодени сите земји на Европската унија (ЕУ), Ангела Меркел ја изнесе следната констатација: „Земјите како што се Шпанија и Италија се многу повеќе погодени. Затоа треба да најдеме начини да одговориме заедно. Во вакви ситуации Европа е уште позначајна од вообичаено.“

Германија претсеадтелството со Европската унија (ЕУ) ќе го преземе на 1 јули од актуелниот претседавач Хрватска и оваа должност ќе ја извршува до 1 декември 2020 година.



Слични вести