Глобалната епидемија на Ковид-19 продолжува да одзема животи и да се шири во Азија и Африка

Глобалната епидемија продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1405241
Глобалната епидемија на Ковид-19 продолжува да одзема животи и да се шири во Азија и Африка
koronavirüs Çin.jpg
Koronavirüs Japonya.4.11.04.jpg
Koronavirüs Japonya.1.11.04.jpg
iran tahran.JPG
iran.jpg
iran.JPG
iran.jpg
Koronavirüs İran.2.02.04.jpg
Güney Afrika.jpg
afrikakorona.jpg
afrika kovid.jpg
super covid 19 guney afrika

Бројот на човечките загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми над 201.083 лица, на случаите на зараза над 2 милиони 900 илјади, досега од болеста се излекувани повеќе од 823 илјади лица, а продолжува лекувањето на 1 милион 863.534 инфектирани лица од коронавирусот.

Глобалната епидемија продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Иран бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 5.650, а на случаите на зараза на 89.328. Иранскиот претседател Хасан Рухани истакна дека тоашто во последните денови почнаа да се укинуваат ограничувањата не значи дека е елиминирана заканата од вирусот.

Во Кина, изворната земја на новиот тип коронавирус (Ковид-19), 10 дена како не се регистрирани смртни случаи, така да бројот на починатите изнесува 4.632, а вкупниот број на случаите на зараза изнесува 82.816 лица. 

Бројот на човечките загуби во Јужна Кореја досега изнесува 240 лица, а на утврдените лица позитивни на вирусот на 10.718.

Во Израел бројот на смртните случаи се зголеми на 198, а на случаите на зараза на 15.148 лица.

Во Авганистан починаа 47 лица, а се заразени 1.463. Портпаролот на Министерството за здравство Вахид Мајар истакна дека продолжува забраната за излегување на улица во голем број градови во земјата за спречување на ширењето на епидемијата.

Бројот на човечките загуби и случаите на зараза во некои земји во Евроазија е вака:

Белорусија 67/1.578, Украина 201/8.125, Молдавија 89/3.110,Казахстан 25/2.525, Киргизистан 8/665, Грузија 5/459, Ерменија 28/1.677.

На континентот Африка од Ковид-19 досега има 1.300 починати, повеќе од 29 илјади се заразени од вирусот, а бројт на оздравените се искачи на 8.364 лица.

Од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Алжир досега се регистрирани 419 смртни случаи, во Египет 307, Мароко 159, Саудиска Арабија 136, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) 71 лице.

Бројот на утврдените случаи на зараза пак, во Алжир изнесува 3.256, Египет 9.813, Мароко 3.897, Саудиска Арабија 16.299 и во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) 9.813.

Во Бахреин кадешто има 8 човечки загуби, бројот на случаите на зараза  од Ковид-19 изнесува 2.576 лица, додека во Јордан досега починаа 7 лица, а се утврдени 444 лица инфектирани од вирусот.

 



Слични вести