Јеменската армија соопшти дека се уништени три воени единици на Хусите

Командантот на фронтот Сурвах во провинцијата Мариб во источниот дел на Јемен бригадниот генерал Ахмед Ебу Сусба истакна дека се уништени три големи воени единици на Хусите кои се подготвувале за напад на фронтот Сурвах

1405012
Јеменската армија соопшти дека се уништени три воени единици на Хусите

Јеменската армија соопшти дека се уништени три воени единици на Хусите

Командантот на фронтот Сурвах во провинцијата Мариб во источниот дел на Јемен бригадниот генерал Ахмед Ебу Сусба во дадената изјава за информативниот портал на армијата "Semtembernet" истакна дека во изминатите денови од страна на јеменската армија беа одбиени реализираните напади од голем обем на Хусите поддржани од Иран, спротивната страна претрпе тешки човечки загуби и беше нанесена голема штета врз воената опрема. 

Велејќи дека се уништени три големи воени единици на Хусите кои се подготвувале за напад во делот на фронтот Сурва, бригадниот генерал Сусба привлече внимание дека за заземање на маршрутата кон провинцијата Мариб Хусите приближно два месеци како прават подготовки за заземање на маршрутата на провинцијата Мариб. 

Од страна на Хусите засега не е објавено одредено соопштение по прашањето. 



Слични вести