Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 195 илјади лица

Бројот на заразените над 2 милиони 800 илјади пациенти. Здравствената состојба на над 775 илјади лица се подобри

1404787
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 195 илјади лица

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 195 илјади лица, додека на заразените над 2 милиони 800 илјади пациенти. Здравствената состојба на над 775 илјади лица се подобри.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во САД која важи за центар на епидемијата изнесува над 50 илјади лица. Бројот на дијагностицираните изнесува над 870 468. Од друга страна пак, тестовите на 18 војници на разурнувачот „УСС Кидд“ кој е закотвен пред јужното крајбрежје на земјата беа позитвни. Бродот беше повикан во пристаништето за да се дезинфицира. Официјален Пентагон соопшти дека во војската има 26 смртни случаи, а над 6 илјади дијагностицирани случаи на инфектирани од Ковид-19.

Бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 420 и изнесува 25 969 лица. Бројот на дијагностицираните покажа тренд на опаѓање и изнесува  106 527. Министерот за здравство Роберто Сперанца рече: „Кривата се свитка. На иднината можеме да гледаме со доверба но исто така и со голема претпазливост.“

Бројот на смртните случаи во Франција поради Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за 389 и изнесува 22 245.

Бројот на смртните случаи во Германија поради Ковид-19 изнесува 5 653, додека бројот на Турците кои што умреа во последните 24 часа поради Ковид-19 изнесува 9. Вкупниот број  на Турците коишто умреа во оваа земја поради Ковид-19 се зголеми на 109 лица.



Слични вести